18 Декември, 2025
0.1881

КОЈ ПЕРЕ ПАРИ ВО МАКЕДОНИЈА: Во една година сомнителни 232 трансакции

Објавено во: Финансии 16 Април, 2018 07:56

Добивај вести на Viber

Точно 232 парични транскации на граѓани од Македонија се со сомнеж дека преку нив се перат пари или се поврзани со финансирање тероризам, покажуваат податоците од Управата за финансико разузнавање. Податоците се за минатата година, а Управата извештајот го подготви сега. Според бројките, од сите овие сомнителни транскации, 292 се со сомнеж за перење пари, а само три се поврзуваат со акти на финансирање тероризам. Обврска да доставуваат известувања за сомнителни транскации во земјава имаат повеќе институции – меѓу нив сите банки, штедилниците, менувачниците, друштвата кои вршат брз траснфер на пари, адвокатите, нотарите, пензиските друштва и други. Сите извештаи се доставуваат во Управата, а оттаму тие во посебни извештаи истите ги праќаат до надлежните институции, најчесто до Министерствто за внатрешни работи. Владата најави нов закон за спречување перење пари и финансирање тероризам, по нова директива од Европската Унија и тој веќе е поставен на Единствениот национален електронски регистар на прописи– Енер.

БАНКАРИТЕ СЕ ПРВИ ЛОВЦИ

Според податоците од последниот извештај на Управата за финансиско разузнавање, во 2017 година обврска да доставуваат извештаи за сомнителни транскации имале 6.678 субјекти. Од нив 15 се банки, две штедилници, 242 менувачници, а 191 давател на услуга брз трансфер на пари. Но таква обврска имаат и над 2.000 друштва за сметководство, повеќе од 2.300 адвокати, стотици нотари и други фирми. Но не сите доставиле некаков извештај дека во текот на работењето се посомневале во нешто при транскациите. Сомнителни лани биле само 232 трансакциии, од кои само три се за финансирање тероризам.. Повеќето, што е и логично, потекнуваат од банкарите. Во текот на минатата година на банките сомнителени им биле 177 трансакции, додека 26 известувања за сомнителни транскации испратиле друштвата кои вршат брз трансфер на пари, а 23 се од нотари. Останатите се од други правни лица. Од Управата велат дека откако ќе ги добијат известувањата, прават финансиско разузнавачка анализа па подготвуваат и финален извештај. Ако утврдат дека има кривично дело ја известуваат полицијата или Јавното обвинителство.

КОИ ДРЖАВИ НИ БАРААТ ПОДАТОЦИ, КАДЕ СЕ ОБРАЌАМЕ НИЕ

Но не се работат податоци за трансакции кои се направени само на наша територија. Во текот на минатата година повеќе земји испратиле барања до нашата Управа за да им обезбеди податоци кои им требале ним. Или во текот на целата мината година до нашата институција стасале 40 вакви барања. Најмногу поединечно пратила Бугарија или вкупно четири барања. По три има од Бангладеш, Сирија, Холандија и Белгија, а по две барања испратиле Словенија, САД и Црна Гора но и уште дваесетина други држави.

Но во исто време Управата испратила 52 барања за транскации кои и биле сомнителни до други држави. Најмногу податоци се бараат од Кипар или до оваа земја се испратени шест барања за размена. До САД се испратени пет барања, а по четири до Швајцарија и Велика Британија.

Инаку во последните неколку години до јавноста стасуваа податоци за перење пари и префрлување на капитал од Македонија во странство, а се тврдеше и дека наши државјани имаат пари на странски сметки што е недозволено. Истраги имаше, но уште ништо не е конкретно, ниту пак некој одговарал за тоа.

А.Т.

Можеби ќе ве интересира

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра