НЕ ЈА НАПУШТИВ ДУИ: Пратеникот Исмаил Јахоски ја разреши дилемата дека станал независен
Објавено во: Македонија 08 Септември, 2020
Попладнево со
соопштение, пратеникот Исмаил Јахоски негираше дека ја напуштил пратеничката
група на ДУИ, во кое нагласи дека на веб-сајтот на Собранието е направена
техничка грешка.
-Дозволете да ве информирам дека јас, Исмаил Јахоски, избран како пратеник во Собранието на Република Северна Македонија од листата на ДУИ, во ниту еден момент не сум ја напуштил парламентарната група, ниту, пак суштински се оддалечил од изборната политичка агенда на ДУИ, вели Јахоски во соопштението.
Откако денеска на интернет страницата на Собанието се појави неговото име како независен пратеник дел од медиумите јавија дека ДУИ, која на изборите обезбеди 15 пратенички мандати, од денеска има еден пратеник помалку. Инаку, освен Јахоски, како независни пратеници на сајтот на Собранието се наведени и Игор Дурловски од ВМРО-ДПМНЕ и Панчо Минов од владејачката СДСМ, но под имињата на новиот собраниски состав се наведува дека податоците се нецелосни.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.