Кој сака да го сруши Bitcoin Cash?
Објавено во: Економија 10 Април, 2018 07:03
Социјалната мрежа Twitter привремено го суспендираше профилот на @Bitcoin кој отворено се залага за посебната криптовалута базирана на блокчејн Bitcoin Cash која се одвои од основната дигитална валута на Bitcoin, а потоа настана огромна конфузија.
Најпрво профилот беше доделен на лице од Турција, а потоа и на друг корисник од Русија, за на крај @Bitcoin да биде вратен на првичниот сопственик кој и натаму останува анонимен.
Според заедницата на корисници на Bitcoin Cash најверојатно станува збор за координиран напад врз нивната издвоена криптовалута со цел да се ослабат позициите на пазарот и вредноста со цел да се издигнат останатите криптовалути кои не функционираат на нивниот начин.
Сепак, нападот е делумно успешен бидејќи профилот @Bitcoin повеќе не е поврзан со официјалниот веб сајт на bitcoin.com, а во меѓувремен отстранети се над 750 илјади следбеници.
Дел од коментарите се дека Twitter намерно го суспензирал профилот @Bitcoin со цел да му даде предност на конкурентот Bitcoin Core во кој според проценките има вложено околу 2,5 милиони долари.
Можеби ќе ве интересира
Азески во работна посета со раководството на Филип Морис во Скопје
„ЛЕГЕНДАРНИОТ 'ШПАНЕЦ' СЕ ВРАЌА НА ГОЛЕМА ВРАТА - СЕГА Е МОДЕРНИЗИРАН СО НОВ ДИЗАЈН“: Коруновски објави видео од тест возењето на легендарниот воз
(ВИДЕО) СЕ ВРАЌА НА ШИНИТЕ: МЖ Транспорт го претстави целосно обновениот „Шпанец“
Која е најнапредната економија во светот за 2025 година?
Венецуела тврди дека Трамп ја сака нејзината нафта - дали тоа навистина е целта на САД?
ТРОШАТ ПОВЕЌЕ ОД ПОРАНО: Колку заработи Албанија од туристите годинава?
Стопанска банка а.д. Битола од денес и официјално АЛТА банка АД Битола
Од 1 јули следната година ЕУ воведува царина од три евра за нарачките преку сајтовите за е-трговија
Мицкоски ги потврди гласините: На 15 декември се затвора трезорот




