09 Мај, 2024
0.0311

КОЈ СЕ СЕЌАВА НА 25 МАЈ - за многумина навираат спомени за убави времиња

Објавено во: Македонија 25 Мај, 2020

Добивај вести на Viber

За југоносталгичарите денеска е посебен празник. На денешниот датум се славеше Денот на младоста, 25 мај, кој беше прогласен и за роденден на доживотниот претседател на СФРЈ, Јосиб Броз Тито, иако тој е роден на 5 мај. 

Манифетацијата се одбележуваше со слет на стадионот на ЈНА во Белгард, а кулминација беше предавањето на штафетата и пораката од неа, откако претходно ја носеа илјадници млади луѓе од сите краишта на некогашната држава.

Учесниците ја носеа во рацете и трчаа со неа низ цела Југославија, а на 25 мај му ја врачуваа на Тито. Штафетата на младоста е воведена во 1945 година на предлог на младината на Крагуевац, како Титова штафета. Првите штафети Тито ги преземал во Загреб, а во годините по 1956, лично ги примал последните носители на штафетата пред Белиот двор во Белград, со свечен дочек на плоштадот. За носители на Штафетата на младоста секогаш беа избирани „примерни младинци“, односно најдобрите ученици и студенти, млади работници, истакнати спортисти, учесници во работни акции и воопшто млади луѓе кои се истакнале со своето образование и труд.

Денот на младоста беше еден од најголемите празници во Социјалистичка Федеративна Република Југоспавија. Овој празник во првите години се одбележуваше само како роденден на Тито, а во 1957 година на негова иницијатива е прогласен за Ден на младоста.

Штафетата продолжи да постои и по смртта на Тито, како симбол на љубов и почит кон неговото дело. Сепак, во 1987 година последен пат на белградскиот стадион е одржана приредбата по повод Денот на младоста, а на 26 јануари 1988 година Сојузот на социјалистичката младина на Југославија го укина слетот.

Повозрасните генерации се уште со силна жар се сеќаваат и ги прераскажуваат овие, за многумина, убави времиња. 

Многу од нив учествувале на популарните слетови, каде беа сплотени младинци од цела Јогославија, кои беа симбол на братството и единството. Иако од смртта на Тито се поминати 40 години, голем број од граѓаните на земјава, но и Срби, Хрвати, Бошњаци и други, себе си се вбројуваат во категоријата југоносталгичари.

Можеби ќе ве интересира

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

АХМЕТИ РЕЧЕ ДЕКА СЕ ВТОРА СИЛА СИЛА ВО ДРЖАВАТА, НА ЗЕМЈАТА Ѝ ТРЕБА СТАБИЛНОСТ - дали не размислува за заминување во опозиција?

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„ЏАБЕ НИ СЕ ЛИЖЕТЕ, СИ ЗНАЕТЕ ЗА СТРЕЛАЊЕТО“ - Апасиев со шега на фејсбук после пресот

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

„МАКЕДОНИЈА СВРТЕ ДЕСНО, И ТОА ОДЛУЧНО ДЕСНО, ПОСЕБНО ЗАСЛУЖЕН Е И ГРУБИ“ - Жанета Трајковска со став

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

Никола Димитров: Честито победа, но џабе ако продолжи партизацијата

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

АПАСИЕВ ИМ НАЈАВИ ПЕКОЛ ВО СОБРАНИЕТО: Секој наш пратеник вреди колку 10 нивни, имаме шест, се бориме за седмиот

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

БИТИЌИ ДАДЕ ОСТАВКА ОД ПОТПРЕТСЕДАТЕЛСКОТО МЕСТО НА СДСМ: Оставката не претставува политички чин на загубата на социјалдемократската идеја

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

ГРУБИ: „АЛИ АХМЕТИ НЕСКРШЛИВИОТ, ЗА ПРВ ПАТ СМЕ ВТОРА СИЛА ВО ДРЖАВАТА“

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

Мицкоски: Народот си ја спаси државата, ДУИ оди со СДСМ во опозиција

ЈАНКУЛОВСКА СЛАВИ ПОБЕДА ВО ШТАБ: Објави приказна со сопартијците

ЈАНКУЛОВСКА СЛАВИ ПОБЕДА ВО ШТАБ: Објави приказна со сопартијците