Кој си купи акции во „Комерцијална“ за 835.000 евра?

Објавено во: Економија 04 Септември, 2018 07:15
Ова е втора најголема трансакција со таа акција во период од 4 месеци, а најголема во последните 55 дена
Инвеститор вложи 900.000 евра во акции на „Комерцијална банка“ во една блок трансакција минатиот понеделник. Според официјалната евиденција достапна на веб страната на Македонската берза по цена од 5.150 денари истргувани се 10.000 акции за промет од 835.000 евра. Со таа трансакција некој си купи 0,44 отсто од акциите во една од двете најголеми македонски деловни банки.
По обновените податоци на Централниот депозитар за хартии од вредност стана јасно дека нема промена во акционерската структура. Или поточно дека „Адора Инженеринг“ не е купувачот на овој блок акции. Од официјалните податоци дека гледа дека нема промена и дека таа компанија како најголем акционер на 4 септември исто како и на 27 август има 10,09 отсто од акциите со право на глас. Тоа значи дека друг постоечки или нов акционер докупил 0,44 отсто од акциите на банката.
Во суштина оваа значајна трансакција може да укажува на две можности. Првата е дека некој голем инвеститор кој има средства и е спремен да плати одлучил дека на среден или долг рок оваа банка има потенцијал и дека тоа е подоходона инвестиција отколку парите да ги чува во депозити или во државни обврзници. Мотив може да му биде очекуван дивиденден принос или капитална добивка што би ја остварил од разлика во пазарна цена. Или пак и двете заедно.
Втората опција е оваа трансакција да ја прави еден или двајца маркет мејкери кои имаат интерес акцијата на „Комерцијална банка“ да ја “држат топла“ сленг на терминот ликвидна акција. Тогаш се работи за заинтересирани страни кои вложуваат во таа акција или имаат клиенти кои вложиле значајни средства во таа акција. И интересот е акцијата да има високо ниво на ликвидност и тоа да се остварува во континуитет. Целта е на тој начин да се привлечат поголеми странски или домашни и по можност институционални инвеститори. Тие институционални инвеститори сликовито може да се објаснат како „големи камења во ѕидот“ наречен пазарна цена на акцијата. Големи камења се затоа што со својата тежина ќе го појачаат ѕидот и затоа што со својот габарит ќе ја зголемат и ќе ја одржат на повисоко ниво пазарната цена на таа акција.
Како и да, реалноста покажува дека во последниве пет-шест месеци сме сведоци на големи количини акции истргувани во блок трансакции. Тоа значи дека таков тренд треба да се очекува и во иднина. Особено сега кога имаме ситуација во која има „неколку големи камења во ѕидот наречен Комерцијална банка“. А тоа освен најголемиот столб носач и држач – „Адора“ се уште и “Гранит“ и „Макпетрол“ и путе неколку домашни компании кои купија акции во таа банка.
Р. Ф.
Можеби ќе ве интересира
ДИМИТРИЕСКА-КОЧОСКА: Проектираниот раст од 3,7 oтсто реален, отворени можности за префрлање на капацитетите од европските земји во нашата земја

СЕКОЈ ДЕСЕТТИ ХРВАТСКИ РАБОТНИК ЗЕМА МИНИМАЛНА ПЛАТА: Колкав е износот?

Трендафилов: Како Пазарен инспекторат да ги спроведува мерките на Владата, кога немаат добиено плата?

СОНК СО ПОВИК, ДА НЕ СЕ ПОТПИШУВААТ НОВИТЕ РЕШЕНИЈА ЗА ПЛАТИ ВО КУЛТУРА: Бараат средба со Љутков

СЕКОЈ ТРГОВЕЦ КОЈ ВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ДОБАВУВАЧ, ГО УЦЕНУВА И ДИКТИРА УСЛОВИ, РИЗИКУВА САНКЦИИ - се огласи КЗК: Да се почитува Законот за забрана на нефер трговски практики

ИМОТИ ОД 10 МИЛИОНИ ЕВРА СЕ ПРОДАВААТ КАКО АЛВА: Бум на пазарот во Дубаи

ДО СКОРО ДАВАА НАГРАДИ НА ВРАБОТЕНИ ШТО ЌЕ ДОНЕСАТ НОВ РАБОТНИК, СЕГА ДОЈДЕ ОБРАТЕН ПРОЦЕС - како падот на нарачките од Германија се одрази на „Мода“ од Свети Николе

УПОЗ: Има ли пилот во авионот!?Ќе дојде 1-ви Мај, а нема плата

Бизнисменот Дестани во канцеларијата во Дубаи ги пречека амбасадорите на Македонија, Албанија и Косово
