КОЈ СОБРА, СОБРА - ИМА КАНДИДАТИ СО ДВА И ЧЕТИРИ ПОТПИСИ, А ИМА И СО НИТУ ЕДЕН: На полноќ завршува собирањето потписи за претседателската трка
Објавено во: Македонија 08 Март, 2024
Собирањето потписи од граѓаните за кандидатите за претседател на претстојните избори, што почна на 23 февруари, ќе трае до денеска на полноќ.
Според податоците од ДИК, од 15-те пријавени кандидати за собирање потписи за претседателските избори, досега потребните 10.000 потписи ги собраа Стево Пендаровски поддржан од СДСМ кој има 22.411 потписи, Гордана Силјановска Давкова од ВМРО-ДПМНЕ - 28.086, Бујар Османи од ДУИ - 11.085, Арбен Таравари од албанската опозициска коалиција Вреди - 10.710, кандидатот на ГРОМ Стевчо Јакимовски - 11.278, Максим Димитриевски лидерот на ЗНАМ-За наша Македонија - 11.605 и Билјана Ванковска Цветковска од Левица - 10.528 потписи.
Сите останати кандидати имаат помалку потписи - кандидатката Мерсиха Смаиловиќ поддржана од Бошњачкиот демократски сојуз има 2.100, Вело Марковски – 1.596 потписи, Ѓорѓи Манасков – 483, Зорица Цветковска – 269, Господин Попоски 141, Гоце Ристов - 4 и Драган Николовски два потписа. Досега, според ДИК, ниту еден потпис нема за кандидатот Томе Николоски.
Собирањето потписи се одвива во сите подрачни одделенија и канцеларии на ДИК сместени во седиштата на 34 локални самоуправи и пред надлежните нотари.
Кога подносител на листа на кандидат за претседател е група избирачи, потребно е да се соберат најмалку 10.000 потписи од запишаните избирачи во Избирачкиот список, додека кога подносител на листа на кандидат за претседател се пратеници, потребно е да се соберат најмалку 30 потписи од пратениците.
Учесниците на изборите, листите со кандидати за претседател на државата треба да ги достават до ДИК најдоцна до 19 март, на полноќ.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.