Кој „тркала“ најмногу пари од продажба на авто гуми?
Објавено во: Економија 09 Октомври, 2020
Најголем продавачи на авто гуми лани се „Мотоцентар“ пред ТДА Пнеуматик. Најголем профит има „Мотоцентар“, најголем процентуален раст на приходите има „Бибај“, а оваа фирма и Пнеуматик ТДА имаат неверојатен раст на профитите. Кај „Бибај“ добивката е 5,6 пати повисока од лани, а кај ТДА 3 пати. Нов член на друштвото на „милионери“ (фирми за продажба на гуми со приходи поголеми од 1 милион евра) е „Транзит ДООЕЛ“
Македонскиот пазар на нови гуми за моторни возила лани апсорбирал пневматици вредни повеќе од 20 милиони евра, покажуваат достапни официјални податоци за пазарот на гуми за автомобили, автобуси, камиони, трактори, моторцикли и други возила и други патни возила или машини.
Убедливо најголем учесник на македонскиот пазар лани бил скопски Мотоцентар со реализација од 10,8 милиони евра што е за 3 отсто подобар резултат од 2018 година. Профитот на ова друштво (семејна фирма на Горан, Моника и Роза Грозданоски) лани изнесува 812.000 евра што е за 2 отсто подобро од претходната година. Воедно, во апсолутен износ, ова е друштвото со најголем профит во конкуренцијата.
Пнеуматик ТДА е најголем конкурент на Мотоцентар на пазарот на нови гуми за возила во патниот сообраќај. Нивниот приход лани изнесува 5,3 милиони евра, а добивката е 313.000 евра. За разлика од Мотоцентар ова друштво (сопственик е Ангеле Трајковски) лани има знајачно проширување на пазарното учество од 16 отсто. ТДА Пнеуматик во својата конкуренција е компанија со најголем раст на профитот. Добивката на друштвото изнесува 313.000 евра и е за три пати повисока од претходната 2018 година.
Олимпико е трета компанија за продажба на гуми на нашиот пазар, според остварените приходи од продажба. Пазарното учество е на речиси исто ниво како и во 2018 година, а профитот бележи пад од 32 отсто. Приходите на семејната фирма на Љупчо и Сашо Богески изнесуваат 2,7 милиони евра, а добивката е 158.000 евра.
Најголем пазарен конкурент на Олимпико лани била компанијата Агрогума со продажба од 2,4 милиони евра што е за 19 отсто подобар резултат од претходната година. За сметка на зголемените приходи профитот на партнерите Томе Вучков и Нежат Хоџин е намален за 20 отсто од 2018 година и лани изнесува 88.000 евра.
Приход поголем од еден милион евра лани направиле уште следниве продавачи на нови гуми: Бибај, Еурогума и Транзит ДООЕЛ.
Бибај лани има приход од 1,9 милиони евра што е за 38 отсто подобар резултат од 2018 година. Неговата добивка е 93.000 евра. Сопственик на ова друштво е Фидан Бибај.
Еурогума лани остварила приход од 1,1 милиони евра што е на ниво од претходната година. Добивката на фирмата на Горан Ристевски лани била 6.000 евра. Неговиот профит лани е 6.000 евра. Најмал во големото друштво е Транзит ДООЕЛ фирма на Томе Пачаразлиев. Нејзиниот приход е 1,06 милиони евра и е за 13 отсто повисок од претходната година. Добивката на друштвото е 4.500 евра.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.