28 Март, 2024
0.0265

Кој во еден ден плати 5 милиони евра за акции во „Комерцијална банка“?

Објавено во: Економија 29 Јуни, 2021

Добивај вести на Viber

Нова блок трансакција вредна 5 милиони евра за 1,6 отсто од акциите на „Комерцијална банка“. Станува збор за блок со кој по цена речиси идентична со последната пазарна цена се купени акции во најголемата деловна банка. „Фактор“ дознава дека купувач на акциите е Фатмир Етеми, претседателот на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“, а продавач на акциите е „Супертрејд“ компанијата за трговија на големо со моторни горива.

„Комерцијална банка“ е акцијата која се бара на Македонската берза за хартии од вредност. Вчера во блок трансакција беа истргувани 35.637 акции по цена од 8.675 денари за акција. Прометот е 5 милиони евра, а цената на акцијата е речиси идентична како и пазарната цена (т.е. во класично тргување) која изнесуваше 8.750 денари за една акција.

Засега официјално не е познато кој вложи 5 милиони евра во акции на најголемата деловна банка во земјава. „Фактор“ дознава дека купувач на акциите е актуелниот претседател на Надзорниот одбор Фатмир Етеми, сопственик на градежната компанија ЗСФ ком, а продавач е „Супертрејд“ компанија за трговија на големо со нафтени деривати.

Како и да е, ова е уште еден доказ дека и на овие пазарни цени акцијата на таа банка е поатрактивна и носи поголем принос од каматите што ги дава на депозити.

Од друга страна тоа што Етеми кој стои зад успешната градежна компанија ЗСФ КОМ купува акции во банката е уште еден сигнал за инвеститорската јавност, но и потврда плус за самата компанија која на ваков начин го доградува рејтингот. Пред пандемијата или во 2019 година ЗСФ имаше приходи од 7,6 милиони евра и профит од 2,6 милиони евра. Во годините претходно, цело време, компанијата беше и остана една од лидерите на градежниот пазар, а тој еден од клучните играчи на пазарот. Етеми порано беше и пратеник, но сега е насочен кон бизнисот, а судејќи по овие потези тоа многу добро го прави.


Инаку не се исклучува можноста дека овој блок значи дека веќе е извесно оти наскоро ќе има дивиденда која беше запрена со одлуката на централната банка. Дури не се исклучува можноста за позитивен исход по жалбата на претставници на „Комерцијална банка“ до судот со која беше оспорена надлежноста на централната банка да носи вакви одлуки.

Наскоро ќе видиме дали некоја од овие опции е причина за големите истргувани количества акции во „Комерцијална банка“. Но факт е дека акцијата на оваа банка е број еден материјал за тргување на Македонската берза за хартии од вредност. И доколку се случи некој да ја превземе или да ја припои „Комерцијална банка“ берзата ќе се најде на голем предизвик да обезбеди достојна замена за најтргуваната акција зашто во спротивно ќе се соочи со голем пад на прометот и проходите кои ги генерира тој промет.

Сведоци сме дека уште еден член на Надзорниот одбор на „Комерцијална банка“ во последно време беше многу активен во купувањето акции во таа банка. Тоа е Чифлиганец кој преку неговата „Адора инженеринг“ купуваа акции во континуитет. И претседателот на надзорниот одбор Фатмир Етеми пред неколку дена купи над 4.000 акции во кои вложи 614.000 евра. Сите овие акции се купени на пазарни цени.

Во иднина тргувањата со акциите на „Комерцијална банка“ ќе треба да се следат со особен интерес затоа што во последниот период имаше многу јасни сигнали за изразита консолидација во корпоративната сопственичка структура на најголемата домашна банка.

Повеќе за „Комерцијална банка“ на следниот линк https://faktor.mk/gradeznikot-fatmir-etemi-platil-613-iljadi-evra-za-akcii-vo-komercijalna-banka

https://faktor.mk/kje-grmi-li-chifliganec-vo-komercijalna-banka

https://faktor.mk/kako-hari-kostov-pravi-pari-dobivkata-na-komercijalna-banka-porasna-za-64-otsto

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

Новите газди го вратија стариот сјај! Како „Скопски пазар“ ќе направи над 10 милиони евра приходи?

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ВЛЕГЛЕ ВО КАНЦЕЛАРИЈАТА НА GOOGLE ВРЕДНА ДВЕ МИЛИЈАРДИ ДОЛАРИ - „баш е таква каква што ја замислувавме, право одморалиште“

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

ЦЕНТРАЛНОЕВРОПСКИ ДОГОВОР ЗА СЛОБОДНА ТРГОВИЈА - ДОПОЛНИТЕЛЕН ПРОТОКОЛ 6 - еве кои се предностите

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

Битиќи: Во 2025 работна недела од 7 часа дневно во одредени сектори

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

МАКЕДОНСКИТЕ ЧОКОЛАДИ САМО МАЛКУ ПОВКУСНИ ЗА СТРАНЦИТЕ - како „Европа“ профитираше со 600 илјади евра и дали е тоа добар резултат

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

Просечна плата во АЕК надминува 1.000 евра

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

НИНГБО – СТОТИЦИ ИЛЈАДИ КОНТЕЈНЕРИ, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ТОНИ СТОКА: Оттука па низ целиот свет, вака се поврзува Кина

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

КАКАОТО СЕ ПРЕТВОРИ ВО НАЈСЈАЈНА ЅВЕЗДА НА ПАЗАРОТ - на берзите се плаќа речиси по 10.000 долари за тон

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“

ВОЛВО СТАВА КРАЈ НА ЕДНА ДОЛГА ИСТОРИЈА - им кажаа збогум на „дизелашите“