Кој врти милиони евра од трговија на големо со текстил?
Објавено во: Економија 06 Октомври, 2020
Трговијата на големо со текстил веројатно е единствен или еден од ретките бизниси во кој не диктираат темпо ниту доминираат скопски фирми. Благодарение на струмичкиот царински терминал и децениската традиција бизнис солидно го работат неколку струмички фирми, но има успешни конкуренти и во Штип, Гевгелија, Струга, Гостивар и Илинден
Трговијата на големо со текстил е вносен бизнис. Не е важно дали се тргува со брендирана облека или таа ќе се декларира едноставно како текстил затоа што во суштина е тоа. Сите имаме неопходна целогодишна потреба од текстилот и тоа во најразлични форми, дезени и кроеви.
Дури четиринаесет домашни фирми лани од трговија на големо со текстил направиле приходи поголеми од еден милиони евра. И во оваа елита од четиринаесет компании специјализирани за трговија на големи има и супер лига која ја сочинуваат неколку струмички компании кои се специјализирани за трговија на големо со текстил. Логично и очекувано: на струмичкиот царински терминал во земјава влегува многу текстил за речиси сите градови во земјава. Во најголем дел деситнацијата потекло на текстилот е Труција – континентална супер сила за производство на текстил.
Еве ги најуспешните компании за трговија на големо со текстил за лани:
Неофицијално македонски крал на трговија на големо со текстил е Горанчо Трајков од Струмица. Тој поседува две компанија од најголемите 14 друштва за трговија на големо со текстил лани. Поголемата фирма (од аспект на остварени приходи лани) е Винас Текстил која лани остварила приход од 6,1 милиони евра што е за 17 отсто послабо од 2018 година, а профитот изнесува 876.000 евра што пак е 9 отсто подобар резултат од 2018 година. Другата компанија на Трајков е Арена Метал ЛТ која остварила профит од 600.000 евра лани и тоа е за 2,4 пати подобар резултат од претходната година. Приходот е 5 милиони евра и е за 45 отсто поголем од претходната 2018 година.
Компанија со најголем приход од трговија на големо со текстил лани во земјава е „Нетком Плус“ од Струмица чиј сопственик е Петар Костов. Ова друштво лани имало приход од 9,7 милиони евра и тоа е за 84 отсто повеќе од 2018 година. Профитот на „Нетком Плус“ е 403.000 евра и е три пати поголем од 2018 година.
Голем трговец со текстил е и струмичката фирма „Дианита“ сопственост на Драги Механџиски со приход од 7,7 милиони евра и профит од 765.000 евра. Ова друштво лани работело со речиси идентични перформанси како и во 2018 година.
Во групата на големите трговци со текстил се уште две друштва од Струмица. „Феро Цем Плус“ лани остварила приход од 4,7 милиони евра што е за 2,5 пати повеќе од 2018 година. Добивката на компанијата на Џоко Хистов лани е за 55 отсто повисока од 2018 година и изнесува 528.000 евра. „Џокс Премиум“ е друштво што од трговија на големо со текстил остварило приход од 4,6 милиони евра и тоа е за 8,5 пати повеќе од претходната 2018 година. Фирмата на познатиот струмички бизнисмен Ристо Крмзов лани има најголем раст на приходите во својата конкуренција. Добивката на друштвото пак е многу помала од конкурентите. Изнесува 13.500 евра, но тоа пак е за 74 отсто подобар резултат од 2018 година.
Следуваат по едно друштво од Штип и од Гевгелија. Гевгелиската фирма „Хогар“ лани има приход од 2,4 милиони евра, а добивка од 24.000 евра што е за 65 отсто подобро од претходната година. Оваа фирма е сопственост на Ристо Попов и на Драги Диманов. Штипската компанија се вика Јофа Текс и е сопственост на Марјан Јовчевски. Ова друштво лани има солиден раст на приходите и на добивката. Приходот изнесува 2,3 милиони евра и е за една четвртина повеќе од 2018 година. Профитот е 415.000 евра и е за 60 отсто поголем од 2018 година.
Друштвото од Илинден Делта Комерц лани остварило приход од 2 милиони ерва и добивка од 14.000 евра. Гостиварската фирма Бен Комерц лани реализирана продажби за 1,7 милиони евра резултат во рамки на остварувањето во 2018 година. Добивката на фирмата на Харис Ќерала лани е повисока за 20 отсто од претходната година и изнесува 29.000 евра. Б&Г Логистик од Струга лани генерирала приход од 1,6 милиони евра што е за 48 отсто послаб резултат од претходната година. Фирмата на три члена на семејството Шемо лани остварила приход од 191.000 евра што е за 13 отсто подобро од 2018 година.
Словенечкиот моден бренд Лисца преку македонската подружница Лисца ДОО Скопје лани остварила приход од 1,3 милиони евра и добивка од 28.000 евра.
Приход поголем од еден милион евра лани оствариле уште скопски две компании за трговија на големо со текстил: „Фокус“ и „Харбин Траде„ и двете оствариле приход од по 1,1 милион евра. При тоа „Фокус“ остварил профит од 102.000 евра, а „Харбин Траде“ од 14.000 евра.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.