21 Мај, 2024
0.0449

Ќе има ли кадри на СДСМ во кабинетот на министерот за здравство?

КОЈ ЗАМИНУВА ЗАЕДНО СО ФИЛИПЧЕ: Д-р Јусуф Хасани е нов државен секретар во Министерството за здравство

Објавено во: Македонија 21 Декември, 2021

Добивај вести на Viber

По зацврстувањето на парламентарното мнозинство, по договорот со Алтернатива, меѓу останатите министерства, оваа партија го добива и Министерството за здравство, а извори на Фактор брифираат дека освен Венко Филипче, оттаму ќе замине целиот негов кабинет. Фактор се обрати до Министерството за здравство со барање одговори во однос на овие прашања и оттаму ни потврдија дека од денеска функцијата државен секретар ја презема д-р Јусуф Хасани, член на Демократска партија на Турците на Македонија. Досега на оваа позиција, од 23. февруари годинава беше назначена Иванка Стојаноски.

Инаку, се очекува утрепремиерот Зоран Заев да ја поднесе оставката од премиерската функција во Собранието, по што треба да почнат смените во високите функционерски и раководни места во Владата и институциите. Смените во позициите, како што пред извесен период изјави Заев ќе ги направи Димнитар Ковачевски, актуелниот лидер на владејачката СДСМ, откако деновиве од претседателот Стево Пендаровски тој треба да го добие мандатот да формира нова Влада.

-Во прашање е доведено дури и заменичкото место. Заменик-мистер за здравство треба да биде од редовите на СДСМ, но сега неизвесно станува кој ќе седне на местото на актуелниот заменик, Илир Хасани, особено откако од позицијата државен секретар на Министерството за здравство заминува Иванка Стојаноски. Исто така не се знае што ќе се случува и со Комисијата за заразни болести. Сите членови во оваа Комисија ги бира министерот, што значи дека тоа ќе биде задача на новиот министер, Беким Сали. Дали таму ќе има промени, засега не се знае. Но во време на епидемија таквите чекори би биле сосема погрешни, бидејќи тие луѓе се целосно упатени во ковид-состојбата, велат изворите на Фактор.

Инаку, Фактор пред повеќе од две недели, од свои сигурни извори објави дека за заменик-министер за здравство е предложен актуелниот директор на Здравствен дом-Скопје, д-р. Виктор Исјановски.

-За оваа функција е предложен д-р Исјановски пред се бидејќи е целосно упатен во ковид кризата во Македонија, а тоа би придонело за добро менаџирање со епидемијата на корона вирусот земјава. Но, како што ви реков, сега и ова е сосема неизвесно. Најверојатно ќе биде сменет цел кабинет на Филипче, но не со кадри на СДСМ, велат изворите на Фактор.

Инаку, откако Заев утре или евентуално следниве неколку дена ќе ја поднесе оставката во Собранието, во оставка ќе биде и цела Влада. Во новиот владин Кабинет веќе се изјаснија дека нема да учествуваат досегашните министерки за образование и за одбрана, односно Мила Царовска и Радмила Шекеринска. Новиот коалициски партнер, Алтернатива, го добива и заменичкото место во Министерството за образование, и за оваа функција веќе е предложен Љулзим Алиу.

Анита Буховски

Фото: ФБ

Можеби ќе ве интересира

МАРИНАКИС: Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

МАРИНАКИС: Меморандумите од Преспа во сегашната ситуација

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

КАТИМЕРИНИ: Атина ќе почека владата на Северна Македонија да положи заклетва пред да одлучи за дејствијата што ќе ги преземе

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

ВМРО-ДПМНЕ ги подигна 58-те пратенички мандати

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

Фантомските работници од „Токсикологија“ подигнале решенија за работа само од организациската директорка

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

НА РАБОТА ДУР СИ ЖИВ: во оваа земја пензионерите едвај си ги покриваат трошоците, па работат напорна работа и на „стари денови“

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

ПРЕТРЕС И КАЈ ПОРАНЕШНИОТ НАРОДЕН ПРАВОБРАНИТЕЛ МЕМЕТИ: Осомничен е за поткуп

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

Тошковски: Од денеска демонтирање на дивиот забавен парк кај Борис Трајковски

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ОДЗЕМЕН ИМУНИТЕТОТ НА СУДИЈАТА ГЕОРГИЕВ - одреден му е притвор по апсењето со примените 10 илјади евра

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави

ВАЖНО МЕТЕО ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ: Денес од пладневните часови на повеќе места врнежи, грмежи и засилен ветер – постои опасност од посилно невреме и поројни поплави