25 Ноември, 2024
0.0258

Кој заработи 146.000 евра од продажба на акции во „Тетекс“

Објавено во: Економија 31 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Тито Беличанец, универзитетскиот професор, правник од кариера, специјалист за самоуправување и долгогодишен член на органите на управување во „Тетекс“ ги продаде своите 4.000 акции за 146.000 евра откако во период од 2016 до 2018 година од дивиденди од тие акции инкасира 40.000 евра

Тито Беличанец, независен член на Одборот на директори во тетовскиот волнарски комбинат „Тетекс“, заработи 146.000 евра од продажба на 4.000 акции во таа компанија, беше потврдено со објавата достапна на информацискиот систем СЕИ НЕТ на Македонската берза за хартии од вредност.

Беличанец, правник од кариера, професор на државниот Правен факултет и експерт за самоуправување и понатаму останува член на Одборот на директори на „Тетекс“ со тоа што во иднина нема да има 4.000 акции со право на глас и за нив нема да го остварува правото на одлучување на акционерско собрание ниту правото на дивиденда.

Беличанец неговите акции во „Тетекс“ ги продал на 21 јануари, по цена од 2.250 денари за акција во блок трансакција. Вредноста на купопродажбата изнесува 9 милиони денари односно 146.300 евра. Беличанец продаде 0,96 отсто од акциите на „Тетекс“.

„Тетекс“ во периодот од 2016 до 2018 година беше една од најштедрите компании исплатувачи на дивиденди. Според официјалните податоци достапни на Македонската берза кумулативно за тој временски период износот на дивиденда изнесува 10 евра за акција. Тоа значи дека кумулативно Беличанец од дивиденди во „Тетекс“ добил 40.000 евра.

Оваа трансакција нема да промени ништо значајно во акционерската структура на „Тетекс“. Најголем поединечен акционер останува да биде Глигорие Гоговски, последниот претседател на Владата на Социјалистичка Република Македонија и долгогодишен прв човек на гигантот „Тетекс“. Гоговски поседува 12,7 отсто акции во „Тетекс“. Оваа компанија е една од ретките домашни успешни компании која е доминантно поседувана од голем број мали домашни акционери. Освен Гоговски, според официјалната евиденција на ЦДХВ, таму акции поседуваат 1.156 домашни физички лица. Тие поседуваат 80,6 отсто од акциите.


Р.Ф.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

Соработката со „Бехтел ЕНКА“ продолжува со презентации во Прилеп и во Битола за тендерските процеси и за зајакнување на учеството во локалниот синџир на снабдување

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

КОНЕЧНО И ПОРТАЛИТЕ ВЛЕГУВААТ ВО ЗАКОНОТ, ЌЕ СЕ РЕГУЛИРААТ И АГРЕГАТОРИТЕ - еве што носи новата нацрт верзија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Должник на МЕПСО од Косово пред суспензија од пазарот за електрична енергија

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

Еве ги најголемите економски патриоти! Кои се најголемите македонски извозници меѓу котираните компании?

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ЛЕСНО ДО ГЕРМАНСКИ ПАСОШ: Не треба да се откажете од вашиот пасош, еве како да се пријавите

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

ДНЕВНИЦА 80 ЕВРА, А РАБОТНИЦИ НЕМА: Страшно недостигаат работници за оваа работа

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

СО ПОЛНА ПАРЕА СЕ ГРАДИ АВТОПАТОТ, ГОЛЕМА МОБИЛИЗАЦИЈА НА РАБОТНИЦИ: Николоски со добри вести, еве кога ќе е готов автопатот Охрид- Кичево

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

„НОВА ЕНЕРГЕТСКА КРИЗА ВО ЕВРОПА“: Се намалија испораките на гас, цените рипнаа за 45 проценти

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот

НАЈНИСКО НИВО ЗА ДВЕ ГОДИНИ: Се намали вредноста на еврото во однос на доларот