КОЈ ЗНАЕ ДА МЕСИ ЛЕБ - ДОБРО, КОЈ НЕ ЗНАЕ ЌЕ ЈАДЕ СТАР: Пекарите ја остварија заканата и не доставуваат, маркетите продаваат само залихи
Објавено во: Македонија 01 Март, 2023 09:50
Пекарите ја остварија својата закана. Денеска утрово на рафтовите има само од старите залихи на леб, и тоа од специјалните видови.
Како што е познато, Владата на вчерашната седница одлучи да не попушти под заканите на пекарите и ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари.
Според пресметките на Владата, дел од поскапувањата се неоправдани, а како аргумент плус го наведоа и тоа што ист леб се продава по драстично различни цени низ земјава – од 28 до над 45 денари. Освен замрзнувањето на цената на лебот, Владата ја укина и субвенционираната струја за прехранбената индустрија.
Вработените во некои од скопските продавници велат дека утрово биле известени од фурните кои редовно им носат леб, дека нема да има достава ниту денес, ниту утре, а во петок евентуално ќе има специјални видови на леб.
Дел од маркетите велат дека пекарите ги известиле дека денес нема да им достават леб и тие ќе ги продаваат старите залихи.
На твитер се појавија и бројни реакции.
Ако у сред криза малите пекари можеа да продаваат евтин леб, можат и големите. Малите испаднаа народни луѓе. Плачењето не ви помага, не е ова прво воено профитерство на овие простори, многу добро знаеме како функционира тоа.
— Капетански Дневник(@BlackTaurus7) March 1, 2023
Нема леб у оваа држава.
— Slagalica (@zlatkoa) March 1, 2023
Владата си го одржа зборот,ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб!
— Лудиот Макс. (@aP41IWsLgUTQD1T) March 1, 2023
Пекарската индустрија исто така си достоја до зборот,нема леб по рафтовите во продавниците.
Си ги "мерат" врз грбот на народот.
Да банкротираат, за леб да немаат денар, мајмуни ненаситни...https://t.co/mpwitzHObK
— Justice (@neenibitno) March 1, 2023
Удри по народ, ако нема за леб нека јаде колачи.
— Claudia (@Shiferovska) February 27, 2023
Воени профитери во секој сектор. pic.twitter.com/lEOfuOjCQ1
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




