17 Декември, 2025
0.0415

Која домашна компанија во криза качи плати за 256.000 евра и исплати 3,4 милиони евра?

Објавено во: Економија 23 Август, 2022 07:34

Добивај вести на Viber

Во услови на економска криза, драстично зголемени цени на суровини и енергија „Витаминка“ покажа пример и лидерство во грижата за своите вработени. За своите вработени издвои 8 % повеќе пари од истиот период лани и плати 3,4 милиони евра

Најголемата македонска прехранбена индустрија „Витаминка“ за првите шест месеци успеа од продажба да инкасира над 30 милиони евра што е за 37 отсто повеќе од истиот период лани, покажуваат официјалните резултати на таа компанија. И понатаму доминантно е учеството на домашниот пазар во вкупната продажба и тоа изнесува 20,7 милиони евра. Домашната продажба на „Витаминка“ порасна за 57 отсто и тука значајно учество има зголемената малопродажна цена на маслото за јадење.

Извозот во првите шест месеци порасна за 8 отсто и достигна вредност од безмалку 10 милиони евра.

На крајот на првото полугодие залихите на компанија вредат 6,1 милиони евра што е повеќе од двојно во споредба со истиот период претходната година. И ова е резултат на зголемените продажни цени на крајниот производ годинава во споредба со лани. 

Во првото полугодие оперативните расходи на компанијата изнесуваат 31,9 милиони евра што е за 47 отсто повеќе од претходната година.

 Најголема расходна ставка остануваат трошоците за суровини и материјали за што компанијата платила 22,2 милиони евра и тие се зголемени за 64 отсто во споредба со лани. Втоа најголема трошковна ставка се расходите за вработените чиј број годинава не е зголемен, но трошокот за нив е поголем за 8 отсто и изнесува 3,4 милиони евра.

Оперативната добивка на друштвото е 260.000 евра и во споредба со истиот период лани е намалена за 59 тсто. Нето добивката заради позитивниот сооднос на финансиските приходи и на финансиските расходи изнесува 398.000 евра.

Билансот на состојба покажува зголување на обврските кон добавувачите за 84 отсто и намалување на краткорочните обврски за кредити за 9 отсто.

Во овој период компанијата во производствените процеси инвестирала повеќе од еден милион евра, пишува во објаснувањето дадено во прилог на финансиските извештаи.

„Витаминка“ е најголем македонски производител на прехранбени и кондиторски производи кое постои од 1956 година. Оваа прилепска компанија почнала како погон за производство на црвен пипер, а низ годините стана најголем македонски прехрабен гигант препознатлив по брендот „Стоби Флипс“ т.е. популарните смоки. Во последниве пет години „Витаминка“ превземајќи го бренд производителот на масло за јадење „Брилијант“ се позиционира како домашен лидер во производството на овој прехранбен продукт.

„Витаминка“ е успешно акционерско друштво кое е во доминантна сопственост на домашни акционери – физички лица. Во оваа компанија 85 отсто од акциите поседуваат 195 домашни физички лица, а 12 отсто поседуваат домашни правни лица. Најголем поединечен акционер е нејзиниот основач и долгогодишен директор Симон Наумоски кој поседува 29,5 отсто од акциите, а следува неговиот син Сашо Наумоски актуелен генерален директор со 7 отсто од акциите со право на глас.

Р.Ф.

foto freepik.com/roman-

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје