Која е групата за порнографија меѓу средношколците - паника кај професорите и родителите
Објавено во: Македонија 25 Јануари, 2020 20:31
На социјалната мрежа Телеграм во затворена група со име “Јавна соба”, малолетници објавуваат, споделуваат и коментираат на интимни фотографии и видеа на малолетни девојки од целата земја.
Ова е предупредување што произлезе од дел од професорите, а многу родители се видно вознемирени.
Според информациите кои се споделуваат на интернет, дел од фотографиите се превземени од отворени профили, а дел биле препраќани преку приватни профили и имале порнографска соддржина.
За случајот веќе јавно проговорија повеќе професори и наставници.

Таа на фејсбук денеска го објави следниов пост.
“Јавна соба“ е името на групата што деновиве се шири меѓу средношколците во Скопје и низ другите градови. Станува збор за група која е креирана на апликацијата Telegram. Комуникацијата е идентична на Вибер - комуникацијата.
За неполни три дена се зачлениле повеќе од 7300 членови.
Членовите на оваа група, во слободна, отворена ( вулгарна) комуникација со другите членови, споделуваат и коментираат експлицитни фотографии од девојчиња од различни градови. Тоа се најчесто оригинални порнографски слики и видеа.
Дел од тие фотографии се лажни, но се поврзуваат со конкретни имиња, така што девојчето - жртва нема можност да докаже дека таа не е всушност девојката на фотографијата.
Ова е група во која се споделуваат фотографии од малолетни девојчиња, од 12, 13 години и малку поголеми. Фотографиите се преземени не само од отворени Инстаграм профили туку и од приватни пораки меѓу двајца соговорници ( девојчиња кои претходно испратиле приватни интимни фотографии до свои пријатели).
Во оваа група може да се пристапи со лажен профил, па во неа веројатно има и возрасни лица.
Прегледот на оваа група покажува дека ова е платформа во која се објавуваат порнографски материјали на малолетни девојчиња и тоа со име и презиме или само со име и место на живеење.
Секој член на групата може да ја зачува објавената фотографија и истата да ја користи за свои цели.
Институциите се на потег !!!
Ова е аларм за сите нас - најмногу родителите, па училиштето и целата заедница. Пред очи ни се случува дегенерација на новата генерација млади и општ пад на моралот на сите нивоа.
Ова е крајно загрижувачка, сериозна опомена дека децата, воспитанието и нивното образование се најзапоставените приоритети.
Очигледно е дека во нашата лична, секојдневна и поширока, општествена агенда - тие дефинитивно се на последното место.
Фото: Фејсбук
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




