18 Декември, 2025
0.0566

КОЈА Е ВЕЛЕШКАТА КОМПАНИЈА ШТО ОД КОНЦИ ПРАВИ ПРОФИТ – за девет месеци продале роба вредна 4,5 милиони евра

Објавено во: Финансии 30 Октомври, 2025 07:38

Добивај вести на Viber

Велешкиот производител на конци и предива, единствена компанија од таков карактер во Македонија, продолжува да ниже успеси во своето работење. Од почетокот на годинава, велешки „Ветекс“ успеа да го зголеми својот извоз и да продаде конци и предива во висина од 4,5 милиони евра.

Добивката на компанијата од почетокот на годината, па заклучно со септември годинава достигнува скоро 174.000 евра, покажуваат официјалните неревидирани податоци од билансот на успех достапен на веб страницата на Македонската берза.

За пофалба е и фактот дека оваа велешка компанија продолжува да „ткае“ успешна извозна приказна, и во изминатиов период го зголемиле својот приход за скоро шест проценти, споредено со истиот период минатата година.

-  Во првите девет месеци од 2025 година претпријатието работеше без промени во сметководствените политики и методи на вреднување на ставките во финансиските извештаи.  

Остварен е вкупен приход во износ од 280.265.564 денари, кој во однос на истиот период од претходната година бележи зголемување од 5,96 проценти – стои во нивниот извештај.

Иако, приходите се остварени од продажба на конец за плетење на домашен и странски пазар, сепак, зголемувањето на вкупниот приход е резултат на зголемената побарувачка на нивните производи од странските деловни партнери.

-  Освен редовните приходи се остваруваат и останати приходи од штети од осигурување на основните средства и приходи од камати.  

За остварување на вкупниот приход направени се и расходи во работењето во износ од 267.768.792  денари, кој во однос на истиот период од претходната година бележи зголемување од 6,10 отсто – се појаснува во извештајот.

Од компанијата појаснуваат дека зголемувањето на расходите е резултат на зголеменото производство во претпријатието. Расходите се однесуваат на потрошени суровини и материјали за производство, трошоци за електрична енергија, мазут и трошоци за плати и надоместоци за вработените.

Велешки „Ветекс“ и претходно важеше за успешна компанија, а компанијата од почетокот на годината, како резултат на своето успешно работење оствари добивка во износ од 10.697.000 денари или 173.934 евра.

Треба да се напомене дека компанијата има и кредитни задолжување од банките во износ од 18.221.222 денари, а вратени кредити се 9.391.191 денари.

За потсетување, „Ветекс“ успеа да подели и дивиденда на акционерите во износ од 11.312.821 денари.

Од компанијата нагласуваат дека „исполнувањето на планот за производство до крајот на тековната година ќе се одвива според барањата на пазарот и техничките можности и капацитетот на претпријатието“.

П.О.

Можеби ќе ве интересира

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска

„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска