Која европска земја е најпогодена од Ковид -19?
Објавено во: Економија, Корона Вирус 02 Февруари, 2021
Австрија е меѓу најпогодените земји од коронавирусот. Државата има повеќе од половина милион невработени луѓе.
Во Австрија има зголемување на бројот на невработени, што на крајот на јануари достигна дури 535.470. Тоа е 27 отсто или 114.769 повеќе невработени лица, во споредба со јануари 2020 година. Стапката на невработеност беше 11,4 проценти на крајот на јануари, што е за 2,8 проценти повисока отколку во јануари 2020 година. Пред две години, стапката на невработеност во јануари изнесуваше 9 проценти.
Австрија остварува значителен приход од туризмот, а само Виена годишно имаше по 16 милиони туристи. Економскиот пад во еврозоната во четвртиот квартал од 2020 година, како резултат на воведувањето мерки за „затворање” беше помал од очекуваниот, покажуваат денешните прелиминарни проценки на Евростат. Бруто домашниот производ на 19-члениот блок се намалил за 0,7 проценти во последните три месеци во однос на претходниот квартал, додека во споредба со четвртото тромесечје во 2019 година паднал за 5,1 процент. Економистите предвидуваат дека трендот на пад на економијата ќе продолжи и во првиот квартал на оваа година.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.