05 Декември, 2025
0.1733

КОЈА ФИРМА КОЛКУ И КАКО ПОМОГНА - СКМ апелира сите компании да го сторат тоа

Објавено во: Економија, Корона Вирус 30 Март, 2020 13:42

Добивај вести на Viber

Ова е време кога сите заедно треба да преживееме. Притоа, секој го прави тоа што може и помага колку може.

Зоран Јовановски, главен советник на Управниот одбор на Стопанската комора на Македонија за економски прашања, нагласува дека од почетокот на коронавирус кризата, бројни компании ја покажаа својата грижа за пошироката заедница. Да споменеме само некои од нив, вели Јовановски.

„Алкалоид“ донираше финансиски средства за помош во Министерството за здравство и ги намали цените на 158 свои производи.

„Макпетрол“ и „Усје“ донираа финансиски средства на Министерството за здравство за набавка на медицинска опрема. 

Клиниката „Жан Митрев“ ги понуди своите капацитети за искористување за потребите на државата.

„Кромберг и Шуберт“ донираше медицинска опрема и материјали за Клиничката болница во Битола, а „Монтенегро маркети“ за општата болница во Гостивар.

За лицата што доаѓаат од странство и треба да поминат одреден период во карантин понудени се бројни сместувачки капацитети, Хотелите „Ибис Центар“ и „Ибис Стајл“ заедно со медицинска поддршка од „Аџибадем Систина“, хотелот „Стоун Бриџ“ во Скопје, хотелот „Макпетрол“ во Маврово, хотелот „Епинал“ во Битола, „Казино Фламинго хотел“ во Гевгелија. 

„Комфи Ангел“ од Прилеп донира дел од сопственото производство на перници, јоргани, а наскоро и заштитни маски.

Компанијата „Ваурон“ донираше прочистувачи на воздухот на Инфективната клиника во Скопје.

„Жито Лукс“ во соработка со „Црвен крст“ донираше леб за социјално загрозените лица и семејства.

„ЕВН“ и „ЕЛЕМ“ за 24 часа по добивање на барањето обезбедија осветлување на безбедносните пунктови Бошков Мост и Глобочица во регионот на Дебар.

Мобилните оператори „Македонски Телеком“ и „А1“ на своите корисници им донираа бесплатен мобилен интернет и им овозможија бесплатно следење на дополнителни ТВ канали, за полесно поминување на времето дома.

„Ова е само дел од компаниите што досега помогнале. Во оваа прилика, како Стопанска комора на Македонија апелираме, не само до членките на комората, туку и до сите други компании, во рамките на своите можности да и’ помогнат на пошироката заедница за да можеме сите заедно полесно да ги пребродиме овие тешки времиња“, вели Јовановски. 

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември