02 Мај, 2024
0.0262

КОЈА ФИРМА НАПРАВИ ДОБИВКА ОД 180 ИЛЈАДИ ЕВРА СО 15 ВРАБОТЕНИ - дивиденда за акционерите не се планира

Објавено во: Економија 12 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Добивката е 180 илјади евра, и од неа нема да се дели дивиденда за акционерите на компанијата. За оваа одлука ќе се гласа на Собранието на акционери на „Макошпед“, кое треба да се одржи во мај оваа година, но точниот датум не е прецизиран, иако е објавен јавен повик за одржување на собранието.

Само за илустрација, ако добивката на „Макошпед“ лани изнесувала 180 илјади евра, во претходната 2022 година таа достигнала фантастични 2,8 милиони евра, па затоа и минатата година се бележи како пад на профитот за цели 94 проценти. Иако, и од самото претпријатие во своето образложение на финансискиот резултат објаснуваат дека добивката во 2022 година била толку огромна поради продаден имот на компанијата, што, пак, е прокнижено под ставката останати оперативни приходи.

Значи собранието на акционери на седницата во мај ќе треба да гласа добивката да остане нераспределена, односно акумулирана за наредниот период.

„Остварената нето добивка на Друштвото за финансиската 2023 година изнесува 11.050.202 денари (180 илјади евра-н.з.) и истата останува нераспределена (акумулирана)“, се вели во предлог одлуката за која треба да гласа Собранието.

А, на собранието акционерите ќе треба да гласаат и за избор на нов неизвршен член на Одборот на директори на компанијата. Не се знае кој ќе биде изборот, бидејќи неговото име засега не е наведено во предлог одлуката. Веројатно ќе се чека извесен период за тоа да се обзнани, или, пак, јавноста за изборот на нов член на Бордот ќе биде информирана по завршувањето на акционерското собрание. Тој ќе дојде на местото на Никола Лазаров, кој пред неколку дена поднесе оставка од таа позиција, за што пишуваше Фактор. Како што стои во предлог одлуката, мандатот на членот ќе трае до истек на мандатот на останатите членови на Одборот на директори, односно до 20 мај идната година.

Она што е интересно, е дека функцијата неизвршен член на Одборот на директори се врши за скромен месечен надоместок од 100 евра, односно 6.000 денари.

А, собранието на акционери ќе го одобри извештајот за резултатите од контролата на работењето на друштвото на неизвршните членови на Одборот на директори.

Акционерите ќе гласаат и за годишниот извештај, во кој извршниот директор на компанијата, Стефан Станкоски, информира дека земајќи го предвид економскиот амбиент во изминатата 2023 година, друштвото се ангажирало максимално да ги искористи ресурсите за задржување на постоечките и придобивање нови коминтенти преку прилагодливост и флексибилност кон нивните потреби, како и со искуството и препознатливоста на брендот во областа на организација на меѓународен и локален транспорт, јавно и царинско складишно работење како и менаџирање на сопствен простор.

Она што е интересно од тој годишен извештај е дека во „Макошпед“ работат вкупно 15 лица, од кои 12 се во редовен работен однос, а тројца се на неопределено време.

Инаку, во финансискиот план за годинава од друштвото нагласиле дека ќе прават напори за зголемување на продуктивноста и ефикасноста и задржување на профитабилноста на друштвото. Врз овие основи, во 2024 година се планира да се остварат вкупни приходи во износ од 508 илјади евра, а од нив на оперативни приходи ќе бидат 407 илјади евра. Останатите 100 илјади евра се планира да се земат од банките, во форма на камати од орочени депозити, со оглед на тоа дека друштвото има вложено значителен износ на средства во орочени денарски депозити во деловни банки, од кои се очекуваат овие финансиски приходи.

Макошпед годинава очекува добивка од 117 илјади евра, која ќе биде уште пониска од ланската 2023 година.

Најголеми акционери во „Макошпед“ се кавадаречкиот бизнисмен Илија Гечев преку неговата компанија „ИГМ Трејд“, „Мепком“ на Кочо Моцан и скопската компанија „Уготур“ кој порано беше дел од скопската железарница задолжена за исхрана на вработените во најголемата скопска компанија.

Н.Н.Ф.

Можеби ќе ве интересира

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Трендафилов: Црвен картон за судот за конфискацијата на работничката зграда

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Роботите го имаат приматот во индустријата, човекот останува неприкосновен во другите дејности

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

Договорот за слободна трговија меѓу Кина и Еквадор стапи на сила на 1 мај

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

ПЕНЗИИТЕ СЕ НАМАЛУВААТ: Чешка ја зголемува старосната граница за пензионирање

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ФИНАНСИИ ОБЈАВИ ПОДАТОЦИ: Колку изнесува јавниот долг?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?

НЕВРАБОТЕНОСТ: Колку Германци се без работа?