Која компанија сака да стане вториот најголем производител на смартфони во светот до 2018?
Објавено во: Мои пари 09 Септември, 2016 16:49
Huawei Technologies Business Group има намера до крајот на 2018 година да го надмине Apple по глобален удел на пазарот и да се претвори во вториот најголем производител на смартфони во светот. Ова го изјави извршниот директор на компанијата Ричард Ју во интервју за Wall Street Journal.
„Оваа година и следната ќе бидат клучни за нашиот успех, работиме многу напорно“, коментира тој.
Амбициите на Huawei се забележуваат јасно и од претставувањето на компанијата за време на меѓународниот технолошки саем IFA, кој се одржа во Берлин на почетокот на месецот.
На 1 септември компанијата ја откри својата нова серија смартфони nova - Huawei nova и Huawei nova plus, која има за цел да одговори на потребите на современите активни и динамични корисници.
Huawei повторно се залага многу на камерите на новите уреди - Huawei nova, кој има 5-инчен екран, нуди моќна предна 8MP камера и задна 12 MP камера. Од своја страна, Huawei nova plus има 16 MP задна камера која дава повеќе светлина, па сликите стануваат остри, чисти и со заситени бои. Уредите имаат издржлива батерија, како и читач за отпечатоци, кои ќе се достапни во три основни бои - престижна-жолта, мистично-сребрена и титаниум-сива.
Во рамките на IFA 2016 Huawei Technologies Business Group го претстави и својот нов предводник таблет со аудио и мултимедијални карактеристики од премиум класа, кои се развиени во партнерство со HARMAN International.
Уредот е со 8,4-инчен дисплеј со светли бои и поголема резолуција на сликата, а батеријата е со капацитет 5100 mAh. Таа им овозможува до 11 часа гледање FHD видео содржини, до 6 часа игра во 3D без прекин, како и до 45 часа слушање музика со едно полнење.Акцентот тука паѓа на слушалките AKG H300, кои се специјално направени за таблетот, па ги потенцираат сите детали - од кристално високи до длабоките бас.
Можеби ќе ве интересира
МЛАДАТА УМЕТНИЧКА ОЛИМПИЈА КАМЧЕВА-СТОЈЧЕСКА ДОБИТНИК НА ПРЕСТИЖНАТА НАГРАДА SANTIPHARMA AWARD ВО ВЕНЕЦИЈА
КАСТРИОТ АРИФИ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ОБРАЗОВАНИЕТО ТРЕБА ДА СЕ ФОКУСИРА НА РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ, КРИТИЧКО МИСЛЕЊЕ И МЕДИУМСКА И ДИГИТАЛНА ПИСМЕНОСТ“
„Музички вез со џез ритам“ - омаж на македонското музичко наследство
И Центарот за обука на МВР ќе се снабдува со енергија од фотоволтаична централа – донација од ОКТА
Халкбанк клучен поддржувач на македонскиот ракомет, потпишан договор за соработка и за 2026 година
Инграм Микро – Македонија, Албанија и Косово го одбележува својот десетгодишен јубилеј: декада на раст, партнерство и технолошка трансформација
Дигитална картичка веднаш! „Digital first“- нова функционалност на НЛБ Банка




