26 Април, 2024
0.0299

Која наша фирма исплати 38 милиони евра плати за 9 месеци? „Фактор“ ги рангира најголемите платодавачи!

Објавено во: Економија 06 Декември, 2022

Добивај вести на Viber

Најуспешните и најголеми македонски компании водат особена грижа за своите вработени. Како? Изразено преку растот на бруто трошоците за своите вработени во првите девет месеци. Подолу се фактите...

Официјалните јавно достапни податоци на Македонската берза покажуваат дека најголемите и најуспешни компании речиси без исклучок, во првите девет месеци годинава, ги зголемиле буџетите за плати и трошоци за своите вработени!

Тој факт потврдува дека најголем дел од компаниите водат грижа за своите вработени со тоа што ја подобруваат нивната мотивација што е услов за лојалност и подразбира подобра продуктивност.

Тој тренд воедно е и важен сигнал за сите инвеститори во акции на тие компании и тој докажува дека менаџерите преку водење грижа за вработените го трасираат патот за успешна работа, предвидливи резултати и секако добивки најчесто изразени низ дивиденда.

На листата на „Фактор“ се 20 компаниите – акционерски друштва чии акции котираат на Официјалниот пазар на берзата. Најголемиот платодавач  во првите девет месеци е најголемата македонска фармацевтска индустрија „Алкалоид“. Една од најуспешните македонски компании за првите девет месеци на своите вработени им исплати 38 милиони евра и тоа е за 12 отсто повеќе пари за вработените во споредба со истиот период лани. „Алкалоид“ на крајот на септември годинава вработувал 2.617 лица. Односно фармацевтскиот гигант месечно по вработен исплаќал 1.613 евра за бруто плата.

Во групата платодавачи поголеми од 10 милиони евра се уште големите банки, најголемиот телекомуникациски оператор, најголемиот градежник и најголемата македонска компанија за трговија на мало со нафтени деривати. Во оваа група се „Макпетрол“, Македонски телеком, Стопанска банка Скопје, Комерцијална банка и НЛБ Банка и Гранит.

Р.Ф.

foto freepik.com

Можеби ќе ве интересира

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката

„ДОЈЧЕ БАНК“ ГИ ИЗНЕНАДИ АНАЛИТИЧАРИТЕ: Ја објави нето добивката