Кока-кола го стопира рекламирањето на социјалните мрежи
Објавено во: Економија, Корона Вирус 28 Јуни, 2020
Кока-кола го прекинува рекламирањето на социјалните мрежи и покрај промените на Фејсбук.
Koмпанијата ќе го прекине рекламирањето на социјалните медиуми на глобално ниво најмалку 30 дена, поради големиот притисок на платформите против говорот на омраза.
„Нема место за расизам во светот и нема место за расизам на социјалните медиуми“, изјави претседателот и извршен директор на компанијата, Џејмс Квинси.
Тој побара „поголема одговорност и транспарентност“ од фирмите за социјални медиуми.
Претходно, Фејсбук соопшти дека ќе означи потенцијално штетни или погрешни објавувања оставени поради нивната вредност на вестите.
Основачот Марк Цукерберг изјави дека Фејсбук ќе забрани рекламирање на постови кои содржат тврдења „дека луѓето од одредена раса, етничка припадност, национално потекло, верска припадност, каста, сексуална ориентација, родов идентитет или имиграциски статус“ се закана за другите.
Организаторите на кампањата #StopHateforProfit, кои го обвинуваат Фејсбук дека не прави доволно за прекин на говорот на омраза и дезинформациите.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.