02 Мај, 2024
0.1419

Колкава државна помош ќе добијат „Јагео“ и „БМЗ“, новите инвестиции во Македонија?

Објавено во: Економија 12 Април, 2024

Добивај вести на Viber

Тајванскиот инвеститор „Јагео“ кој во Македонија треба да произведува чипови, ќе добие 45.425.000 евра вкупна државна помош за инвестирањето во земјата. Ова е најголемата одобрена државна помош во текот на минатата година, според извештајот кој го објави Државната комисија за заштита на конкуренција.

„Јагео“ треба да произведува делови и компоненти за „Тесла” и „Епл“. Со тајванската групација договорот беше потпишан лани во Тајпеј и треба да биде најголема гринфилд инвестиција во Македонија со вкупен износ од 205 милиони евра и план за отворање на 3.900 работни места во период од десет години. „Јагео” планира да изгради два нови производствени капацитета - едниот во Скопје, а вториот во Штип. Првично, фокусот ќе биде зоната во непосредна близина на метрополата каде изградбата треба да стартува во текот на наредната година.

Германската фармацевтска компанија „Гересхајмер“ треба да добие 42 милиони евра за втор инвестициски циклус. Според најавите, втората инвестиција за производство на стаклени шприцеви за медицински цели ќе биде најголема странска инвестиција досега реализирана во една фаза. Станува збор за најавена инвестиција од над 126 милиони евра во индустриската зона Скопје 2. На „Гересхајмер“ во 2023 му биле одобрени уште 12.415.200 евра за проширување на првата инвестиција.

Најголемиот европски производител за литиум - јонски батерии БМЗ Холдинг од Карлштајн на Мајна треба да добие 28.731.289 евра. Македонија ќе биде индустриски извозник на литиум - јонски батерии. Германската групација BMZ  развива и произведува високотехнолошки батериски системи, кои се инсталирани низ целиот свет во најразновидните производи на познати брендови. Произведува и батериски системи со свои брендови. 

„Магна Мехатроникс“ која минатата година започна со изградба на фабрика во зоната во Штип за интегрирани автомобилски системи од механички и електронски компоненти, според евиденцијата на КЗК, ќе инкасира 18.503.085 евра. Канаѓаните најавија 600 вработувања и огромен извоз.

За белгиската компанија „ Авеста“ која ќе гради фабрика за производство на електрични батерии за автомобили во ТИРЗ Кичево, следуваат 5 милиони евра од државата, односно од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони. Според договорот, во Кичево ќе бидат отворени 600 нови работни места.

„Техникал Текстајлс“, германската компанија која е присутна во Македонија уште од 2014-та, ќе добие од Владата 9 милиони евра, од кои 5 по хоризонтална и 4 по регионална основа. За доделување помош за овој проект на компанијата која произведува индустриски текстил во Штип немаше многу информации во јавноста. На американски „Леар“ за втор инвестициски проект во зоната во Тетово ќе бидат исплатени 8.285.639 евра, решено е минатата година. 

Интересно е тоа што на производителот на сопирачки за возови „Вабтек“ прво му бикла одобрена помош од 14.773.047 евра, но КЗК ја сопрела оваа постапка. Одобрени биле и 9 милиони евра за Некст Е.ГО за „посебна обука“ како нов основ за државна помош, но во меѓувреме Владата објави дека се раскинува договорот со стартапот кој требаше да произведува електрични автомобили во Тетово.

А.К.


Можеби ќе ве интересира

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

СИНОТ НА СВЕТОЗАР, ЈАНЕ ЈАНЕВСКИ, СТАНУВА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА УО НА „АУТОМАКЕДОНИЈА“ - и оттаму заминува Џон Илија Јоновски

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

НОВА ИНИЦИЈАТИВА ДО УСТАВЕН СУД ЗА УКИНУВАЊЕ НА ЧЛЕН 368 ОД ЗАКОНОТ ЗА ОБЛИГАЦИОНИ ОДНОСИ - тој е негативен за приватниот сектор

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

КОЛКУ ДИВИДЕНДА ЌЕ ДОБИЕ СИМОН, А КОЛКУ САШО НАУМОСКИ - прилепска „Витаминка“ го објави планот, еве ги деталите

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

ЦРН ДЕН ЗА ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА: Гигантот го прекина производството по 30 години - позната компанија ја изгуби трката со кинеска фирма

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

АСО ја охрабрува Владата за измени на Тарифникот за авто-осигурување

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

Стотици домаќинства сега продаваат струја во Македонија, интересот сепак ограничен

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

При кумулативен пораст на цените од 61.5 отсто, само премиите за авто осигурување се замрзнати 15 години

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Дваесет години не го воведоа еврото и се спасија од рецесија

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите

Радикално покачената минимална плата ги зголеми цените на услугите