Колкава е онлајн заработувачката на креативците: Фејсбук и Инстаграм продавниците, место за лесна заработка
Објавено во: Финансии 19 Јули, 2025 11:19
Во време кога дигиталната економија им дава можност на луѓето да профитираат глобално, продажбата на рачни производи преку Инстаграм и Фејсбук станува сериозен извор на приход.
Според „SupplyGem“, просечен месечен приход на креатори на Инстаграм изнесува околу 3.853 долари месечно — што го прави еден од најдоходовните канали за оние што работат со креатори на содржини, вклучително и занаетчии.
Но, ако сакате да работите на овој начин кај нас, тоа не е можно. Мета се уште ги нема „отворено“ Инстаграм и Фејсбук продавниците во Македонија. Кога ќе се дојде до моментот да се направи продавница, посочува дека тоа е невозможно во земјава.

Според анализи за онлајн продавници за уметност и рачни изработки, месечните приходи се движат околу 2.000–10.000 долари, додека оние што го работат тоа со цело работно време или имаат голема клиентела, се на горниот дел од спектарот.
Пазарот и продавницата на Фејсбук се корисни особено за продавачи кои комбинираат локални продажби и испраќаат во странство: многумина постигнуваат нето профит од 4.000–5.000 долари месечно, а профитната маржа е околу 40–50 отсто и тоа не со цело работно време.
Кај сериозните занаетчии и мали брендови, реалноста е годишен приход од 30.000 до над 100.000 долари, доколку ја користат правилно комбинацијата на платформи, огласи и маркетинг стратегии.Можеби ќе ве интересира
ДРЖАВНА ИНСТИТУЦИЈА БАРА РАБОТНИЦИ ЗА ПЛАТИ КОИ ДОСТИГНУВААТ ОКОЛУ 70 ИЛЈАДИ ДЕНАРИ – еве кои профили се бараат
АЛАРМАНТНО: Хрватите соопштија колку работници ќе им требаат во следните пет години
АЛТА БАНКА ЈА СТОПИРАШЕ ОДЛУКАТА ЗА КАДИЕВСКА ВОЈНОВИЌ - поранешната вицегувернерка сепак нема да биде дел од УО
СО ИМЕ И ПРЕЗИМЕ ОБЈАВЕНИ ГРАДОНАЧАЛНИЦИТЕ ШТО НЕ ПОДНЕЛЕ ИЗЈАВА ЗА ИМОТНАТА СОСТОЈБА: Меѓу нив се и дел од старо новите скопски градоначалници
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани




