Колкави плати земаат Црногорците?
Објавено во: Економија 29 Јуни, 2023
Растат платите во Црна Гора. Во Црна Гора просечната плата во мај изнесуваше 793 евра.
Просечната плата без даноци и придонеси во мај, според податоците на Заводот за статистика на Црна Гора Монстат, била 793 евра и е за 0,9 отсто повисока од април.
Просечната нето плата во мај, во однос на истиот месец лани, е зголемена за 11,7 отсто, а просечната бруто-плата во мај биле 988 евра, пренесува Мина.
Пораст во однос на април има во секторите сместување и прехранбени услуги за 2,8 отсто, земјоделство, шумарство и рибарство за 1,9 отсто, административни и помошни услужни дејности и државна управа и одбрана: задолжително социјално осигурување за 1,8 отсто, здравствена и социјална заштита 1,6 отсто, градежништво 1,5 отсто, трговија на големо и мало, поправка на моторни возила и мотоцикли 1,4 отсто и стручни, научни и технички дејности и уметнички забавни и рекреативни активности по 1,3 отсто.
Раст има и во секторите транспорт и складирање и финансиски дејности и осигурување од по еден процент, информации и врски од 0,9 отсто, водоснабдување и управување со отпадни води од 0,7 отсто, образование од 0,4 отсто и други услужни дејности од 0,3 отсто.
Намалување на нето заработката во мај, во однос на претходниот месец, е регистрирано во секторите Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 1 отсто, рударството и каменот и бизнисот со недвижности за 0,6 отсто и преработувачката индустрија за 0,2 отсто.
Македонија заостанува во однос на регионот, иако просечната плата стана 600 евра. Србија исто така има повисока плата од Македонија.foto freepik.com/volody10
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.