05 Декември, 2025
0.0282

Колкаво е рудното богатство во Македонија?

Објавено во: Анализа 17 Октомври, 2012 17:55

Добивај вести на Viber

На темата наоѓалишта на нафта и други рудни богатства во Македонија се дебатира во изминатите 40-тина години, а повторно се актуализира со најновите неофицијални информации, дека странски фондови сериозно се заинтересирани да ги истражуваат природните ресурси на земјава. Според информациите, процени се дека таквото истражување ќе чини 7 милиони евра, а освен нафта, странските фондови ќе бараат и злато, бакар, минерали и други рудни богатства. Во Македонија досега најзначајна суровинска база беа оловото и цинкот, но состојбата почна полека да се менува откако многу странски компании пројавија интерес да истражуваат наоѓалишта за бакар и злато. Канадската компанија Еуромакс веќе склучи договор за експлоатација на наоѓалиштето за бакар и злато „Иловица“ кај Струмица. Ако се земат предвид информациите дека таму се кријат големи количини на овие минерали, тогаш Иловица има шанси да стане најголемиот рудник за злато и бакар во Југоисточна Европа. Овчеполието крие нафта ? Според истражувањата направени уште во време на поранешна Југославија, во земјава има и наоѓалишта на сурова нафта, и тоа во Овчеполието во селото Ерџелија, но и во Тиквешијата кај селото Криволак. Во тоа време, експерти од новосадската компанија „Нафта гас“, токму во Овчеполието ја почнале потрагата по црното злато, но истата престанала без видливи резултати. Останува да се види дали Катарците ќе ја продолжат потрагата, откако официјална делегација беше во посета на земјава и пројави интерес за истражување на наоѓалишта на природен гас и нафта. А за тоа дека има зголемен интерес кај инвеститорите во делот на минералните суровини, покажува и фактот дека Владата отвора Геолошки завод, чија работа ќе биде да врши основни геолошки истражувања за изработка на геолошки карти кои се значајни за натамошно истражување на наоѓалишта на минерални суровини. Заводот ќе учествува и во изработка на стратегија за геолошки истражувања, одржливо искористување и експлоатација на минералните суровини.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?