18 Декември, 2025
0.0382

Колку чини да се напиете кафе со шефот на Google?

Објавено во: Свет 02 Август, 2014 09:35

Добивај вести на Viber

Наддавањето за можноста да се поминат неколку часа во друштво на ѕвезди од технолошката сцена веќе е тренд Поранешниот извршен директор на Google и актуелен претседател на одборот на директори Ерик Шмит учествува на аукција преку можноста да пие по едно кафе со некого во канцеларија на компанијата во Њујорк. Во моментов наддавањето стигнало до 9000 долари, но очекувањата се да скокне до најмалку 50 000 долари. Трката завршува на 14 август, па на оние кои сакаат да поминат околу час со Шмит им остануваат две недели, за да се вклучат. Добиените пари ќе одат за Rush Philanthropic Arts Foundation - организација која им помага на децата од градовите во нерамноправна положба. Наддавањето за можноста да се поминат неколку часа во друштво на ѕвезди од технолошката арена во донаторски цели стана тренд. Претходно оваа година неименувано лице плати 330 000 долари за ручек со главниот извршен директор на Apple Тим Кук. Минатата година, пак ручек со Ворен Бафет беше „продаден“ за 156 000 долари. Оваа година, сепак сумата урива рекорди - 2,17 милиони долари. За последните 15 години иницијативата има собрано над 16 милиони долари. Во првите години понудите за ручек со Бафет беа значително скромни - во 2000 година на пример тој чинеше 25 илјади долари. Следната 2001 година пак само 18 илјади долари. Во моментов се прифаќаат понуди за ручек со коосновачот на Snapchat Боби Марфи. Засега цената е 7500 долари. К.К.

Можеби ќе ве интересира

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Ова ја вознемири Русија: Ги прашувал учениците за националноста, па ги избодел

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“

Австралискиот премиер го посети во болница херојот на Бонди: Ахмед ал-Ахмед e „најдоброто од нашата земја“