Колку денови со загаден воздух имаше лани во Македонија?
Објавено во: Македонија 03 Февруари, 2017 11:30
Во текот на ноември, декември и јануари лани било најзагадено во Македонија.
Загадување не е регистрирано во јули минатата година и мај кога концентрациите биле надминати само еден ден во Центар.
Во јуни имало загадување 10 дена во Гази Баба, пет кај Ректоратот, 4 во Центар и 1 во Карпош. Во март имало 18 дена загадување во Гази Баба, 12 во Лисиче, 10 во Ректорат, седум во Центар и 4 во Карпош. Во април во Центар е регистрирано загадување 10 дена, кај Ректорат 6, Карпош 4, и во Лисиче 3. Во февруари било загадено 22 дена во Лисиче, 21 во Гази Баба, 20 во Центар, кај Ректорат 19 и 18 во Карпош.
Најмногу загадени денови лани 177 имало во Гази Баба, потоа следи Лисиче со 161, Центар кај Ректоратот 154, Центар 147 и Карпош 145 денови.
Според мерните станици на Министерството за животна средина се регистрирани концентрации на ПМ10 честичките над дозволеното 27 денови во Гази Баба и кај Ректоратот, 24 во Лисиче и 22 дена во Центар и Карпош. Во декември загадувањето било големо кај Ректоратот 29 денови, Лисиче 28, Гази Баба 27 и во Центар и Карпош 26. Во јануари, исто така, загадување имало 28 денови во Лисиче, 27 во Центар и Гази Баба, 26 кај Ректорат и 25 во Карпош.
Во октомври бројот на денови со загаден воздух кој го дишеле граѓаните изнесувал 16 во Карпош, 15 во Центар и кај Ректорат, 14 во Гази Баба и 9 во Лисиче. Во септември 14 денови биле загадени во Карпош, 11 во Центар и Лисиче, 10 во Ректорат.
Во август загадување имало по девет денови во Гази Баба и Лисиче, пет кај Ректорат, 3 во Карпош и 2 во Центар.
Загадување на воздухот има и во текот на првиот месец од годинава. Надминувања се регистрирани во над 20 денови од јануари.
Концентрациите утрово се движат од 197,49 во Карпош, 162,79 во Центар, 148,18 кај Ректорат, 101,57 во Миладиновци, Лисиче 97,99 и 96,88 во Гази Баба.
Дозволени концентрации на ПМ10 честички на метар кубен се 50 микрограми.
Скопје, Куманово, Тетово, Битола лани и годинава водеа по загаденоста на воздухот.Можеби ќе ве интересира
Орце Ѓорѓиевски: Финансиска полиција подигна обемна документација од Град Скопје, Комунална хигиена и ЈСП
АХВ ВО КОНТРОЛА НА НОВОГОДИШНИ ПАКЕТЧИЊА: Еве што открила
„ТОА Е ИСТО КАКО ХИТЛЕР ДА ТЕ ПОФАЛИ ЗА ДОБРИТЕ РЕФОРМИ ШТО ГИ ПРАВИШ“: Најчевска за пораката на Трамп дека сме на добар пат во развојот на демократијата
ОПОЗИЦИЈАТА МОЖЕ ДА СЕ ПОВИКУВА НА КОГО САКА: Тошковски за темата мигранти
ДЕЛ ОД МАКЕДОНЦИТЕ ПОСЕДУВААТ ВАКВО ИСКУСТВО: Oва ги турка напред во кариерата
ТРЕНЧЕВСКА ВЕЛИ ДЕКА СДСМ ВЛЕГУВА ВО НОВА ФАЗА НА ПОЛИТИЧКО ЗАЈАКНУВАЊЕ: Се огласи и за резолуцијата на Собранието
„ОВА Е УБАВО СПАКУВАН ПЛАН ЗА ДИСЦИПЛИНИРАЊЕ НА ДРЖАВИТЕ“: Ванковска за бриселските заклучоци за Западен Балкан
„НЕ СУМ ВЕТИЛ ЧУДА“: Ѓорѓиевски побара трпение од граѓаните
„АКО 3 ПАТИ ГО СТОРИТЕ ИСТОТО, И 3 ПАТИ ВИ Е ОДЗЕМЕНА ВОЗАЧКАТА, ВИЕ НЕ СТЕ ЗА ШОФЕР, ТРЕБА ДА ВОЗИТЕ ТОЧАК“: Тошковски за повторување на сообраќајните прекршоци




