Koлку е безбедна Македонија?
Објавено во: Македонија 15 Август, 2023
Исланд, Данска и Ирска се најбезбедните земји во светот, а Македонија е на 38. место.
На листата од 163 земји, меѓу првите 10 се Данска, Ирска, Нов Зеланд, Австрија, Сингапур, Португалија, Словенија, Јапонија и Швајцарија. На 11-то место е Канада, на 12-то е Чешка, на 13-то место е Финска.
Објавена е најновата листа на Глобалниот индекс на мирот која ја направи Институтот за економија и мир. Исланд е најбезбедна земја за туристи кои летуваат, затоа што е оценета како политички стабилна и има ниска стапка на криминал. Земени се предвид фактори како перцепцијата на криминалитетот, стапката на убиства, насилните демонстрации, политичката нестабилност, увозот и извозот на оружје, влијанието на тероризмот, можноста за нуклеарно и тешко оружје и слично.
Македонија е на 38. место, а од земјите во регионот најдобро позиционирана е Словенија (8), Хрватска (14), Црна Гора (45), Босна и Херцеговина (61) и Србија на 65. место.
Соединетите Американски Држави (САД) се на 131-то место, Велика Британија е на 37-то место, Германија е на 15-то место.
Како најмалку безбедни се означени Авганистан (163), Јемен (162), Сирија (161), но и Русија (158) и Украина (157).
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.