19 Декември, 2025
0.1789

Koлку години ќе помине во затвор убиецот на Димитар Матилоски?

Објавено во: Македонија 05 Јуни, 2018 19:48

Добивај вести на Viber

Српскиот државјанин, Бојан Угреновиќ денеска во повторениот судски процес повторно е прогласен виновен за сторено кривично дело „убиство“ на охриѓанецот Димитар Матилоски.

Судскиот совет пред Основниот суд во Охрид, каде се одвиваше повтореното судење на обвинетиот му изрече казна од 16 години затвор, во која е пресметано и времето што осомничениот го мина во притвор.

Првото судење за убиството пред кафе барот „Табана“ во Охрид на 1 јануари 2016 година заврши на 20 декември 2016 година кога Основниот суд во Охрид го прогласи обвинетиот за виновен изрекувајќи му единствена затворска казна во времетраење од 16 години.

Обвинетиот на првото појавување од процесот ја призна вината, изразувајќи каење за стореното дело и жалење за последиците, додека оштетените во случајот, роднините на убиениот Матилоски, од Судот бараа најстрога казна, односно доживотен затвор.

Првата пресуда беше обжалена од одбраната на Угреновиќ пред Апелацискиот суд во Битола, кој поради забелешки го врати случајот на повторно судење.

Повтореното судење за убиството требаше да почне на 5 мај лани, а беше неколкупати одложувано поради формални причини, од неможност на службите да го доведат осомничениот поради презафатеност, преку непојавување на адвокатот на одбраната, се до некои процедурални неусогласености.

На рочиштето закажано за 25 јули, лани кога беа создадени услови за да почне процесот, обвинетиот го смени исказот и се произнесе за невин, што налагаше повторување на целиот процес со повторување на изјавите на сите сведоци од предметот. 

Поради правни недоследности, спротивно наредбата на Судот да не ја напушта земјата и да се јавува на надлежните органи, обвинетиот ја искористи можноста веднаш по укинувањето на мерката притвор да ја напушти земјата и од тогаш е недостапен за органите на прогонот.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ДОАЃА ВИСТИНСКА ЗИМА: На повидок е спуштање на многу ладен воздух од Сибир

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Младите на 9 години почнуваат да пушат цигари?

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните

ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните