15 Декември, 2025
0.0308

Колку хектари шума пеплосаа 142-та пожари лани?

Објавено во: Македонија 04 Јануари, 2022 07:20

Добивај вести на Viber

Статистика пресмета колкави површини под шуми се уништени во големите пожари кои лани ја зафатија Македонија.

Како што објави Државниот завод за статистика, во периодот јуни - септември 2021 година во земјава избија многу шумски пожари. Огнените јазици „проголтаа“ секаков вид на шуми, а најголеми штети има по мешовитите насади. Вакви пожари немало со децении.

„Со цел да се обезбедат сознанија за големината и штетата од овие пожари, Државниот завод за статистика во соработка со ЈП Национални шуми спроведе дополнително статистичко истражување за шумските пожари. Според тие податоци, во периодот јуни - септември 2021 година, имаше 142 шумски пожари од кои беа зафатени 11.420 ха површината под шума. Од вкупните штети од пожарите најмногу беа зафатени шумите од мешаните насади, кои учествуваа со 52.2 отсто, шумите од листопадни видови со 30.2 отсто, шумите од иглолисни видови со 10.1 отсто, додека приземната вегетација учествуваше со 7.4 отсто. Опожарената дрвна маса во шумите изнесува 482.106 м3, а износот на проценетата материјална штета изнесува 2.318 091.000 денари“, објави ДЗС.

Апокалиптични сцени имаше во источниот дел на Македонија, каде огнот не само што ги пеплоса дрвјата туку се доближи и до селaта, а беа зафатени дел од куќите и помошните oбјекти. За да се обнови шумскиот фонд, есента имаше пошумување.

Шумарските инженери коментираат дека штетите се големи и ќе треба долго време за да се обнови шумскиот фонд.

„Во источниот дел изгореа зимзелени шуми кои лесно се палат. Имаше дрвја стари од 1 до 100 години кои беа зафатени со пожарите и уништени. Во најголем дел тоа беа дрвја стари од 1 до 40 години. За да се обноват шумите ќе ни требаат повеќе години, а за да стигнат до тој стадиум во кој беа пред избивањето на пожарите, ќе ни требаат децении“, вели шумарски инженер од источна Македонија.

Пожари имаше во околината на Берово, Пехчево, Кочани, Старо Нагоричане, Скопје, и други делови на Македонија, Во гаснењето на пожарите помогнаа  Србија, Бугарија, Словенија, Австрија.

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

Пријава против поранешниот градоначалник на Демир Капија за контаминирање вода за пиење

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ДЕНЕСКА ПОЧНУВААТ НОВОГОДИШНИТЕ ЗАБАВИ - градоначалникот најавува активности за сите генерации

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ и ВРЕДИ со контрарезолуција во Собрание дека СДСМ лаже за мигранти

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

СДСМ: Мигранти за пари – нов доказ

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Предлог за разрешување на главниот обвинител Коцевски утре на седница на Парламентот

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

Штип ќе им додели „бонус“ од 100 евра за Нова година на 100 пензионери

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

АКО ПАТУВАТЕ КОН ГРЦИЈА НЕ ОДЕТЕ НА ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН ЕВЗОНИ - најавени нови блокади, еве кога

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Дејан Манасков приведен во Охрид поради физички напад на противнички тренер

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“

Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“