Колку ќе чини кампањата за референдумот?
Објавено во: Македонија 15 Август, 2018
Владата донесе одлука да води информативна кампања, но засега не е соопштено колку пари ќе се потроши за нејзина реализација. Планот и програмата на кампањата ќе ги утврдуваат наредната недела, а со поинтензивни медиумски активности ќе почнат од први септември.
„Сега очекуваме, според заклучокот на Влада, сега министерства и други органи на државната управа во рок од три дена да се поднесат информации за тоа колку има средства на располагање. Истовремено ќе се планира како со тие средства ќе се одвива целата кампања и истовремено јавно ќе информирани. Сите средства ќе бидат објавени“- вели Мухамед Хоџа.
Во наредните три дена очекуваат министерствата да определат средства од своите буџети и да ги пренаменат за потребите на референдумот.