02 Декември, 2024
0.0300

Колку „македонски зачини“ ќе се вмешаат во американските избори

Објавено во: Свет, Фактор Анализа 17 Октомври, 2024

Добивај вести на Viber

Доналд Трамп, слично како во кампањата за избор на американски претседател во 2016 година, заостанува на сите анкети зад демократката Камала Харис, но и нема да биде изненадување повторно да победи како што тоа му успеа против Хилари Клинтон.

Тој пораз на Демократите беше многу болен, и често, па дури и самата Хилари Клинтон, во јавните настапи говореше дека „страните со лажни вести од Велес, Македонија“ биле пресудни да се „излаже“ американскиот електорат. Сега, условите и технологијата за такво нешто се драстично променети.

Сепак, и натаму меѓу македонските „хастлери“ постои желба повторно да учествуваат во кампањата за американските избори, да креираат вирални содржини (најчесто во корист на Трамп) да ги монетизираат со вредната американска публика и на тој начин дебело и брзо да заработат.

Но, тактиките сега се различни, пред се поради најавата на Марк Цукерберг дека Фејсбук „ги научил лекциите од минатото“ и дека на овие избори платформата ќе биде неутрална, односно повеќе ќе се фокусира на објавите од вашите пријатели, отколку на бројните политички страни и групи кои шират различни пропагандни содржини.

Затоа македонските ентузијасти, се надеваат дека повеќе шанси имаат на платформите за видео содржини, особено Јутјуб каде монетазицијата е зголемена, но и на останите социјални мрежи кои не се многу популарни во Македонија како Рамбл, мрежата основана од Крис Павловски претприемачот со македонско потекло и Truth Social, мрежата која ја создаде Доналд Трамп откако беше баниран од сите главни мрежи по упадот на демонстрантите во Капитол Хил.

Идејата е да се креираат видеа со наративи поврзани со американските избори кои би станале вирални, а во кои најчесто ќе се појавува републиканскиот кандидат Доналд Трамп. Исто така на овие мрежи често се шират видеа со теории на заговор и параноични содржини на конзервативните инфлуенсери, дека наскоро ќе почне нова Граѓанска војна во САД и дека белите хетеросексуални мажи се под директна закана.

Би било навистина интересно да се види дали и Камала Харис повторно ќе го впери прстот кон лажните вести и мрежата на пропагатори, која се шири од Русија до Балканот и Македонија, но во која се почесто се вклучени и американски инфлуенсери, директно платени од офшор сметки на Кремљ.

Трамп не ги напаѓа „алтернативните“ креатори на содржини, дури напротив во последно време ја смени медиумската тактика, и наместо да гостува на традиционалните медиумски мрежи, се почесто гостува на подкасти кои засилено ја промовираат конзервативната страна.

Неговите гостувања се вистинско богатство за ремикси, и креирање илјадници кратки клипови (рилсови) кои веднаш стануваат вирални и ја засилуваат неговата кампања пред ноемвриските избори.

Да потсетиме дека неодамна гости на македонскиот политички врв беа токму Крис Павловски, основачот на Рамбл, чија техничка поддршка се води преку македонска компанија, како и на Девин Нунез актуелниот директор на Трамп Медиа компанијата задолжена за социјалните мрежи на претседателскиот кандидат.

Од самите посети немеше никакви спектакуларни владини соопштенија, освен дека ќе се работи на подобрување на дигиталната инфраструктура во земјава и дека се разговарало за меѓусебна поддршка и инвестиции со влијателните гости од странство.

Владејачката структура не крие дека има симпатии кон Доналд Трамп иако јавно не се определила за еден од двајцата кандидати, чиј избор ќе има огромно влијание како на Балканот така и на целиот свет.

Обидот да се пласираат содржините за американските избори оди и преку апликацијата за доверливи пораки Телеграм, чиј основач Павел Дуров беше уапсен во Париз, за наводно одбивање да соработува со властите за спречување да се шири пропаганда, говор на омраза и криминални активности.

Поддршка за Дуров стигна и од Павловски, кој исто така се пожали дека Рамбл е на мета на француските власти. Имено, Рамбл има поставено јасни правила за каков вид содржини одобрува, и дека на платформата е забрането ширење говор на омраза, расизам или антисемитизам, меѓу другото.

Треба да се потсети дека активностите за пласирање вести, макар биле и лажни или теории на заговор, не се легални и не се водени од идеолошки побуди, туку се мотивирани од потребата да се заработи брзо и лесно, користејќи ги системите за монетизација на содржини на социјалните мрежи.

Х.С.

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

ПОСЕТИЛА 170 ДРЖАВИ: Американска пејачка наведе пет земји каде не би се вратила

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

СЕ ОГЛАСИ БЕЛАТА КУЌА: Објаснија зошто Бајден го помилува својот син Хантер

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

КАМАЛА ХАРИС ИМА НОВИ АМБИЦИИ: Со што ќе се занимава во иднина?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

РУСИТЕ НАПРЕДУВААТ ВО УКРАИНА: Колкава територија контролираат?

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

НЕ 2, ТУКУ 4 ОТСТО ОД БДП ЌЕ ВЛОЖАТ ЗА АРМИЈАТА: Во Европа има нова воена сила

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

EВЕ ШТО ТОЧНО СЕ КРИЕ ЗАД ПОМИЛУВАЊЕТО НА ХАНТЕР: Бајден не случајно го избра датумот, а која е првата реакција на синот откако беше помилуван

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ОВА Е РАСПАДОТ НА УКРАИНА? Ја предава територијата?

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

ЕВЕ ГО КОМЕНТАРОТ НА ЗАХАРОВА ЗА ПОМИЛУВАЊЕТО НА СИНОТ НА БАЈДЕН: Помилувањето на Хантер Бајден е карикатура на демократијата

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото

БАЈДЕН ГО ПОМИЛУВА СИНОТ, ТРАМП БЕСЕН - новоизбраниот претседател со остра реакција, иако и тој го направи истото