Колку милиони евра ќе земе Циле од РЕК „Битола“?
Објавено во: Економија 31 Јули, 2018
Циле,
газдата на „Пелистер“ е специјалист за добивање тендери во РЕК „Битола“.
Повторно ископ на јаглен и јаловина и овој пат цената е 89 денари за гигаџул.
Според обемот на работа даден во спецификацијата оваа набавка треба да се
реализира во рок од 7 месеци и „Пелистер“ да добие 5,2 милиони евра
Битолската градежна компанија „Пелистер“, сопственост на познатиот бизнисмен и поранешен политичар Силјан Мицевски, доби нов тендер од ЕЛЕМ. Станува збор за услуга која РЕК „Битола“ ќе ја земе од „Пелистер“ и станува збор за ископ на јаглен и јаловина во рудникот Брод-Гнеотионо. Услугата што РЕК „Битола“ ќе ја плати 5,2 милиони евра освен ископ опфаќа и дробење на јаглен, транспорт на јаглен и јаловина, конструкција на одлагалиште за јаловина и одржување на транспортни патишта.
За колку време и која количина јаглен ЕЛЕМ ќе плати 5,2 милиони евра?
Според деталите од договорот меѓу двете страни што може да се најде на веб страницата на Бирото за јавни набавки „Пелистер“ го добил тендерот пред својата конкуренција според цената која изнесува 89,04 денари за гигаџул (Еденџул е еднаковнапотрошенатаенергија (илизавршенатаработа) соприменана сила одеден њутн низ a растојаниеодеден метар, извор: Википедија)
За 5,2 милиони евра (цената е без ДДВ) „Пелистер“ треба да ископа 646.740 тони јаглен (според спецификацијата) и јаловината што треба да се ископа за да се дојде до јагленот во басенот на рудникот Брод-Гнеотино. Јаловината, според спецификацијата е над 1,7 милиони кубни метри. Станува збор за четири јагленови слоја и уште толку слоја раскривка и јаловина. Носителот на набавката освен обврската да копа треба да го транспортира јагленот до транспортниот систем и да го дроби јагленот во парчиња со големина до 10 сантиметри. Во договорот пишува дека квалитетот на јагленот се мери по превземени 300 тони јаглен во континуитет на дневно ниво и до воведување во функција на автоматски земач на проби. РЕК „Битола“ го задржува правото инцидентно да зема проби за квалитет на јагленот. Договорот е склучен со времетраење од најмногу 12 месеци. Според спецификацијата се гледа дека работата треба да биде завршена за 7 месеци.
По кои цени досега се копаше јаглен во РЕК „Битола„?
Според достапни податоци кои досега се објавувани најголеми даватели на услуги за ископ на јаглен и јаловина на РЕК „Битола“ покрај „Пелистер“ биле „Трансмет“, „Силекс“ и „Гранит“. Цената на услугата во период од 2012 година до сега тендер варира од 54,7 денари постигната во 2012 година од страна на конзорциумот „Трансмет“ и„Силекс“ до цената од 144 денари за гигаџул по која договорот го добиле „Пелистер“ и „Гранит“. Конзорциумот„Пелистер“ и „Гранит“ добиле тендер по цена од 114 денари за гигаџул. „Трансмет“ сам добил тендер за ископ на јаглен и јаловина и по цена од 65,2 денари за гигаџул. Во октомври 2014 година двете компании „Трансмет“ и„Пелистер“ добиле тендер при што едната за гигаџул наплаќала 79 денари во блокот А, а друга наплаќала 93 денари за гигаџул во блокот Б.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.