КОЛКУ МОЖЕ ДА БИДАТ ОПАСНИ „ЛЕТНИТЕ“ БАКТЕРИИ: Симптоми, компликации и лекување
Објавено во: Македонија 30 Јуни, 2023 07:22
Многу
микроорганизми, односно бактерии се штетни и полесно се активираат во текот на
летните месеци, но за среќа, оваа година, летото се уште не е во полн ек,
засега немаме екстремно високи температури, а со тоа нема ниту зголемен број на
случаи со вакви бактериски инфекции, вели во разговор за Фактор, м-р Петре
Витанов, директор на Центарот за јавно здравје-Струмица.
Според него високите температури за време на летниот период овозможуваат побрзо размножување на микроорганизмите, а како што посочува изолатите од брисевите од нос и од грло, најчести се стрептококните инфекции, како и спорадични случаи на Haemophilus influenzae.
-Оваа бактерија е присутна во носот и во грлото и се активира при настинки. Симптомите зависат од тоа кој дел од телото е заразен со бактеријата, но главно тоа се покчена температура, главоболка, закочен врат, гадење, повраќање и поспаност, недостаток на енергија, губење на апетит. Откако ќе се потврди со брис од носот или од грлото, се прави антибиограм за да се види на кој антибиотик најдобро реагира и успешно се лекува, вели Витанов.
Освен оваа бактерија, карактеристична за летниот период е салмонелата, која ја предизвикува болеста самонелоза. Главни симптоми на инфицираните пациенти со салмонела, како што посочува Витанов се грчеви во стомакот, пролив, гадење и повраќање, главоболка, треска.
-Симптомите обично се јавуваат од 6 до 72 часа после заразувањето. Симптомите обично траат од 4 до 7 дена, понекогаш многу подолго. Салмонелата се пренесува со јадење на недоволно термички обработена храна, неадекватно тувана храна, односно прехрамбени продукти кои се изложени на висока темперетура, вели директорот на струмичкиот Центар за јавно здравје.
Со бактеријата Escherichie coli заразувањетоа најчесто настанува преку инфицирана храна и вода, а главни преносители се мувите и другите инсекти. Но, Витанов посочува дека оваа бактерија не е карактеристична само во летните месеци, туку примероците од урнинокултурите покажуваат и заразени случаи во текот на целата година.
Во текот на овој период, во екот на патувањата на одмор има и појава на акутна инфективна дијареа.
-Акутната инфективна дијареа по правило поминува за 3 до 7 дена без посебно лекување. Важно е да се внесува доволна количина на течности за да не дојде до дехидрација, вели нашиот соговорник.
Тој истовремено посочува и неколку важни правила за да се избегне инфекција со некоја од бактериите кои гласно се активираат во топлите месеци.
Правилно чување на храната во затворени садови во фрижидер
Постојана хигиена, често миење на рацете
Правилна обработка на храната на висока температура.
Темелно миење на сировиот зеленчук и овошје
Анита Буховски
ФОТО: EPA-EFE/ARSHAD ARBABМожеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




