Колку не чини секој вишок килограм телесна тежина!
Објавено во: Мои пари 21 Ноември, 2025 08:01
Автор: Филип Ачкоски, м-р по фармација, д-р по бизнис администрација, извршен директор во фармацевтска индустрија, медицински писател и здравствен едукатор со повеќе од 20 години искуство на пазарите во Југоисточна Европа. ТопЕдукатор.
Кога неправилната исхрана станува економски проблем?
Во Македонија, речиси
секој втор возрасен човек има вишок килограми, а секој четврти е клинички
дебел. Тоа не е само здравствен аларм – тоа е економска закана со огромни
последици.
Обезноста одамна престана да биде прашање на естетика или личен избор. Таа е
хронична, прогресивна и системска болест што го чини здравствениот систем
милиони евра годишно.
Прашањето не е дали дебелината чини многу — туку дали државата воопшто ја пресметува таа цена.
Обезноста во бројки
Според податоци на Светската здравствена организација (СЗО), повеќе од 50% од возрасните Македонци имаат прекумерна телесна тежина, а над 25% се со дијагностицирана обезност (BMI >30).
Кај децата, ситуацијата е уште поалармантна: Македонија полека но сигурно се вклучува во друштвото меѓу водечките земји во Европа според детска дебелина.
Обезноста е клучен фактор за најчестите и најскапите хронични болести: дијабетес, хипертензија, срцеви заболувања, мозочен удар и одредени видови рак.
Неколку килограми повеќе денес може да значат илјадници евра помалку во буџетот утре.
Економски товар: скриената сметка на обезноста што незапирливо расте
Според европските анализи, директните здравствени трошоци поврзани со обезноста изнесуваат 2–7% од националните здравствени буџети, а вкупниот товар (вклучувајќи изгубена продуктивност и инвалидитет) достигнува до 3% од БДП.
Најголем дел од овие трошоци доаѓаат од:
· компликации на дијабетес тип 2,
· кардиоваскуларни заболувања,
· оштетување на зглобови и 'рбет,
· зголемена употреба на лекови и хоспитализации.
Од калории до коморбидитети – и до банкрот
Да земеме еден
едноставен пример:
пациент со BMI над 35 има 6 пати поголем ризик за дијабетес и 4 пати поголем
ризик за срцев удар.
Ако ваков пациент не добие навремен и соодветен третман, државата ќе плати
најмалку:
· 400 € годишно за основен третман,
· 12.000 € ако започне со дијализа,
· и уште повеќе ако дојде до инвалидитет или прерана смртност.
Така, она што почнува како „неколку килограми повеќе“ се претвора во кошмарен живот за пациентите но и десетици милиони евра загуби за здравството и економијата.
Новите терапии – инвестиција или луксуз?
Современите лекови,
како GLP-1 агонистите (semaglutide, tirzepatide) се повеќе се користат при
обеност, но се често етикетирани како „прескапи“.
Сепак фармакоекономските студии покажуваат дека (ако се земат навремено):
· тие го намалуваат ризикот од дијабетес тип 2 за над 80%,
· ја подобруваат контролната на крвниот притисок и липидите,
· и го намалуваат бројот на хоспитализации и медицински интервенции.
Со други зборови: имаат
висока почетна цена – но значајна долгорочна заштеда.
Секој килограм изгубен преку ефективен третман може да заштеди стотици евра во
идни здравствени трошоци.
Македонија – земја на калории без стратегија
Иако проблемот со обезноста е јасно идентификуван, Македонија сè уште заостанува на полето за превенција и третман на обезност. И покрај актуелноста на состојбата и бројните индивидуални напори за борба со обезноста, сеуште не се препознава организирана скрининг програма, или стандардизиран пристап кон диетотерапија, физичка активност и психолошка поддршка од страна на здравствените установи.
Додека фармацевтските
иновации напредуваат, системот останува заглавен во парадигмата „сè додека не
боли – не е проблем“.
А токму тој пристап не прави најголемиот фармакоекономски губитник во регионот.
Економија на прекумерната тежината
Обезноста не влијае само на здравството, туку и на работната продуктивност.
Секој вработен со клиничка обезност губи во просек 6–10 работни дена годишно повеќе поради боледување.
Продуктивноста на работното место може да се намали за 10–15%.
Компаниите плаќаат повисоки трошоци за осигурување и здравствени услуги.
Тоа значи дека обезноста е и макроекономски проблем — болна држава не може да има здрава економија.
Секоја држава има
право да избере што ќе финансира: лекови, инфраструктура или последици.
Но фармакоекономијата вели дека нелекуваната обезност е најскапата инвестиција
од сите.
Македонија мора
конечно да ја признае обезноста како хронична болест и да инвестира во нејзино
лекување – не од суета, туку од прагматичен економски интерес.
Бидејќи прашањето не е „Колку чини лекот?“, туку „Колку нè чини – вишокот килограми?“
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни
АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј
Живко Мукаетов реизбран за член на Одборот на директори на Американската стопанска комора
Централен настан по повод Денови на финансиска писменост: Финансиската писменост е темел за стабилност и самостојност
Засадени 150 садници во новиот спортски центар „Идризово“ – донација од Пивара Скопје
НЛБ Банка, по дванаесетти пат, прогласена за „Банка на годината“ од The Banker
Празничен A1 Net Sеf подарок од А1 Македонија за сите корисници





