18 Декември, 2025
0.1674

Колку пари прави „Топ Шоп“ во Македонија?

Објавено во: Економија 28 Септември, 2018 18:21

Добивај вести на Viber

Македонците  се сиромашен народ, но и тоа малку што го имаат знаат да го потрошат „за минут“. Тие одноставно се „навлечени“  на купување производи кои се рекламираат по медиумите. Крунски доказ е „Топ Шоп“ . Компанијата што во Македонија го работи овој концепт и бренд лани имала приходи од продажба кои надминаа 11 милиони евра!!!

Скопската компанија “Студио Модерна“ застапникот на  продажниот бренд „Топ Шоп“ лани остварила приходи од продажба коинадминале 11 милиони евра, покажуваат официјалните податоци од скратениот биланс на успех достапни во базата на Централниот регистар на Македонија (ЦРМ).

Лани приходите од продажбата на „Топ Шоп“ производите пораснале за 800.000 евра односно за 7,8 отсто. На продажбата на „Студио Модерна“ може да и позавидат значајни и познати домашни компании кои се занимаваат со продажба на домашни и на увозни брендови.

Сепак добивката на „Студио Модерна“ лани била околу 342.500 евра што е 3 отсто од вкупните приходи од продажба. Добивката на компанијата лани е преполовена во споредба со 2016 година кога изнесала околу 667.000 евра.  

Расходите на компанијата лани пораснале за 12,2 отсто односно за 1,15 милиони евра во споредба со 2016 година. Во истиот период приходите пораснале за 800.000 евра, што значи растот на приходите произвел значајно поголеми расходи.

Компанијата „Студио Модерна“ лани вработувала 182 лица и нивниот број лани пораснал за 27 лица во споредба со 2016 година.

Главнината и резервите на компанијата на крај на 2017 година вредат нешто повеќе од 1,9 милиони евра, а обврските се помали од 400.000 евра. Интересно е тоа што компанија со главнина и резерви кои се помали од 2 милиони евра прави годишен приход што надминува 11 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје