18 Декември, 2025
0.1166

КОЛКУ ПОТРОШИЛЕ ОПШТИНИТЕ И ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА - еве колку не чини одржувањето и прскањето со сол на патиштата оваа зимска сезона

Објавено во: Македонија 18 Февруари, 2021 10:01

Добивај вести на Viber

За ангажирање на механизација, работници, сол и чакал за чистење и за прскање на улиците во зимски услови, оваа сезона ќе се потрошат 538 милиони денари, односно 8,7 милиони евра.

Ова го покажува истражувањето на Центарот за граѓански комуникации.

Тендери за оваа намена имале 41 општина и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија и државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Македонијапат. Само ова претпријатие има склучено договори за јавни набавки за зимско одржување оваа сезона во вредност од 5,7 милиони евра што е две третини од сите пари што ќе се потрошат за оваа намена.

Градот Скопје сам зимскава сезона планира да потроши 700 илјади евра за чистење на снегот и прскање на улиците, додека заедно со уште осум други скопски градски општини ќе бидат потрошени околу 1,4 милиони евра за зимско одржување на улиците. Од другите општини од земјава, најголема вредност за ова ќе потрошат Битола, Прилеп и Куманово.

Најголем поединечен тендер има склучено Македонијапат со Димакс рудници Сопотница, од речиси седум милиони евра за двогодишно снабдување со сол за патиштата. Набавени се 59.555 тони индустриска сол, по цена од 116 евра по тон, за двегодишно прскање на патиштата.

Покрај оваа фирма, која вкупно има 4 тендери во вредност од 7,5 милиони евра, меѓу фирмите со највредни договори се и Ган-Логистик од Тетово со 1,2 милиони евра и скопски Аполо Инженеринг со 1 милион евра.

Повеќе информации има во анализата од истражувањето дадена во прилог или на следниот линк: https://www.opendata.mk/Home/TekstualniDetails/108?Category=2

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

УШТЕ ЕДНА ПРИЈАВА ЗА ПОРАНЕШНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА СТРУМИЦА - МВР го гони за несовесно работење и злоупотреба на службата

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

МВР: Вработени од тетовското социјално одобрувале надомест со фалсификувано конзилијарно мислење

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

СДСМ: Неуспешен обид да се прикаже уривање одвнатре, очигледно темата со мигрантите е многу поголема

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

УАПСЕН БУЈАР ДАРЛИШТА, ЕКС ДИРЕКТОР НА УПРАВАТА ЗА ВОДЕЊЕ НА МАТИЧНИ КНИГИ: Тошковски со детали за апсењето

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за ексдиректорот на „Комунална хигиена“ Рустеми за ѓубрето во Скопје

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Обвинение за упадот во „Инфомкас“, напаѓачот бил пресметлив

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Левица: Ќе доставиме докази против Томовски во Антикорупциска

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

Игор Ивановски и Андреј Петров отвораат фронт за преземање на СДСМ?

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија

ВМРО-ДПМНЕ: Државниот ревизор потврди дека Груби прикрил 2 милиони евра од Лотарија