05 Декември, 2025
0.0269

КОЛКУ РЕЗОЛУЦИИ НИ СЕ ПОТРЕБНИ: Во четири години имаме една изгласана, една на Филипче и една во најава на Мицкоски

Објавено во: Анализа 26 Септември, 2025 07:35

Добивај вести на Viber

Премиерот Христијан Мицкоски најави подобра Резолуција од онаа која ја предложи лидерот на СДСМ, Венко Филипче, а за дефинирање на националните интереси на патот кон Европската Унија. Со тоа ова би бил трет документ кој ќе проциркулира низ Собранието во само 4 години, откако во 2021 година, на предлог на ВМРО-ДПМНЕ, веќе беше излгасана една Резолуција со црвени линии.

Колку се различни црвените линии од 2021 до 2025 година

Во изгласаната Резолуција експлицитно е наведено дека за јазикот и идентитетот  нема да се преговара. Истото е напишано и во Резолуцијата која сега ја предлага СДСМ.

Во онаа од 2021 година пак, се наведува дека процесот за евроинтеграција на нашата држава треба да продолжи во духот на меѓусебно почитување и уважување на вложените напори од наша страна за исполнување на критериумите, а се бара и да се применуваат позитивните и општоприфатени меѓународни конвенции и декларации на Обединетите Нации, како и безусловно почитување на слободно изразената волја на македонскиот народ, неговата етничка и духовна посебност.

За разлика од таа на ВМРО-ДПМНЕ, Резолуцијата која ја презентираше Филипче дава рокови – предлог на нов текст на Уставни амандмани за внес на Бугарите во Уставот од 15 до 25 ноември и целосно завршување на процесот, односно нови промени на македонскиот Устав до 10 февруари идната година. Потоа, се предвидува и отворање на првиот кластер, „Темелни вредности“ не подоцна од 15 февруари.

Различни политички ставови

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче вели дека целта на резолуцијата е постигнување национален консензус и јасно дефинирање на црвените линии кои не смеат да се преминат во преговорите со ЕУ, односно јазикот, идентитетот, историјата и културните особености, за кои не треба да се преговара.

„Тоа се елементи за кои не се преговара со Европската Унија и ова се нашите црвени линии и сметам дека треба да бидат црвените линии на целата нација. Многу од овие одредници се заштитени со претходни декларации документи и договори меѓународни. Тоа што сега нудиме е заеднички пристап како и секоја друга сериозна држава, да имаме заеднички црвени линии“, рече Филипче.

Сепак, на премиерот Христијан Мицкоски не му се допаѓа речиси ништо од оваа Резолуција, но ја гледа како добра основа, ВМРО-ДПМНЕ да направи така наречена „Македонска Резолуција“.

„ ВМРО-ДПМНЕ како одговорна и државотворна партија ќе направи вистинска Резолуција, како подлога ќе ја искористиме оваа Резолуција и ќе формираме т.н. „Македонска Резолуција“, рече Мицкоски.

За него, третата Резолуција во овие 4 години е потребна оти „му паднало во очи фалсификување и лаги“ во предлогот на СДСМ. Покрај тоа што ја најави „Македонската Резолуција“, не кажа дали ќе поднесат предлог измени на текстот кој го презентираше Филипче и дали ако тие бидат прифатени од СДСМ, ќе биде изгласана и онаа на лидерот на СДСМ, но ќе биде испратена и нова – предложена од неговата партија.

Александар Тодески

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?

Ако сакаш да не најдеш решение формирај комисија – Што ќе донесе анкетната расправа за Кочани?