05 Декември, 2025
0.1352

КОЛКУ СЕ СИРОМАШНИ ГРАЃАНИТЕ: И со просечна плата, голем дел од семејствата тешко ги покриваат основните трошоци, анализира ексминистерот Миноски

Објавено во: Економија 29 Август, 2025 09:31

Добивај вести на Viber

Поранешниот министер за финансии Кирил Миноски кој беше дел од владата на експремиерот Емил Димитриев анализира дека Македонија по три и пол децении не успеала да фати приклучок со европските стандарди. Според него, за да се даде објективен одговор колку се сиромашни македонските граѓани, треба да се погледнат главните економски индикатори, што се однесуваат на животниот стандард.

„Едно од клучните прашања кое сè почесто се поставува во јавноста е: како живеат македонските граѓани во споредба со остатокот од Европа? За да се даде објективен одговор, потребно е да се погледнат главните економски индикатори што се однесуваат на животниот стандард.

БДП по глава на жител
Според податоците за 2024 година, номиналниот БДП по жител во Македонија изнесува околу 7.500–8.500 евра. За споредба, просекот на ЕУ е околу 40.000 евра, а најбогатите држави како Луксембург и Ирска надминуваат 90.000 евра по жител.

Доколку се земе предвид индикаторот „паритет на куповна моќ“ (PPP), прогнозите за 2025 година покажуваат дека се очекува Македонија да достигне околу 26.300 евра по жител. Тоа е подобро од Албанија (~20.800 евра), Босна и Херцеговина (~20.700 евра) и Косово (~16.300 евра), но сè уште пониско ниво од Србија (~28.200 евра) и Црна Гора (~30.700 евра)“, анализира Миноски.

Тој смета дека потрошувачката и животниот стандард во Македонија се на многу ниско ниво во однос на европските граѓани, но и во соседството, но и дека и со просечна плата, голем дел од семејствата тешко ги покриваат основните трошоци.

Потрошувачка и животен стандард
Вистинската индивидуална потрошувачка (AIC) – индикатор кој ја мери реалната благосостојба на граѓаните и нивната способност да трошат на стоки и услуги (вклучувајќи образование, здравство и јавни услуги) – во Македонија изнесува само 49% од европскиот просек. Со тоа, земјата е на второ најниско ниво во Европа, веднаш пред Албанија.

Плати и трошоци
Во април 2024 година, просечната нето-плата во Македонија изнесувала околу 1.020 евра (68.294 денари), што претставува околу две третини од европскиот просек.

Сепак, според податоците за декември 2024 година, минималните потреби за четиричлено семејство изнесувале околу 1.050 евра месечно (62.000 денари). Тоа значи дека дури и со просечна плата, голем дел од семејствата тешко ги покриваат основните трошоци – јасен показател дека просечната плата не го следи реалниот трошок на живот“, пишува Миноски. 

Овие податоци, според поранешниот министер и поранешен директор на УЈП, покажуваат дека ако се сака промена, прв чекор кон тоа е искрената дијагностика, заснована на реални податоци и факти. Вели дека досегашниот економски модел очигледно не успева да обезбеди достоен живот за мнозинството граѓани. 

„Приватниот сектор и капиталот остануваат концентрирани кај клиентилистички структури, кои наместо да создаваат нова вредност, ја држат економијата во заложништво и ја жртвуваат иднината на граѓаните.

Какви промени ни се неопходни?
За да се извлечеме од економското дно и да фатиме приклучок со останатите напредни нации, потребни се радикални промени, а не козметички корекции. Дел од решенијата вклучуваат:

- Редефинирање на економските политики и јасна визија – наместо опортунистички и дневнополитички потези, потребна е стратегија за долгорочен развој.

- Воведување стандарди за добро управување и реформа на администрацијата – институциите мора да ги водат луѓе со вистински квалификации и знаење, а не неквалификувани послушници и корумпирани кадри. Неопходно е намалување на бројот на институции, укинување на непотребни советнички позиции и рационализација на управни и надзорни одбори.

- Намалување на клиентелизмот и негативната селекција – бидејќи тие ја подриваат конкурентноста, го уништуваат квалитетот и неповратно го еродираат човечкиот капитал.

- Дигитализација и транспарентност на институциите, особено во делот на управување со јавните финансии – за намалување на злоупотребите и зајакнување на довербата. Со дигитализација се намалува субјективниот фактор, се ограничуваат злоупотребите, се стеснува просторот за сивата економија и нелојалната конкуренција.

- Беспоштедна борба против корупцијата – преку закон за потекло на имот, конфискација на нелегално стекнат капитал и воспоставување вистинска правна држава.

Излезот од економското дно не е лесен и не може да се постигне со половични мерки. Потребни се знаење, чесност, посветена работа и решителна борба со корупцијата и неправдата. Само со градење општество на еднакви можности може да се обезбеди пристоен живот за граѓаните и долгорочна стабилност“, смета Миноски.


* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“