Колку се задолжи, а колку раздолжи новата Влада?
Објавено во: Финансии 12 Април, 2018 07:23
Долгот во државни хартии од вредност од август лани до март годинава се зголемил за 50,67 милијарди денари, а во истиот овој период вратени се 38,55 милијарди денари наследен долг од претходната влада на ВМРО ДПМНЕ. Ова значи дека нето задолжувањето за овие 8 месеци на новата Влада е 12,12 милијарди денари односно 200 милиони евра!
Министерството за финансии во последните осум месеци (од почеток на август лани до крај на март годинава) се задолжило за 50,66 милијарди денари, а раздолжило 38,55 милијарди денари, покажува прегледот на официјалните податоци за состојбата на долгот изразен во државни хартии од вредност (ДХВ) кои вклучуваат државни записи со рок на оптлата 6 и 12 месеци и државни обврзници со рок на отплата од 2,3,5, 10 и 15 години.
Каде раздлолжиле?
Најголемо раздолжување е направено кај инструментот државни записи со рок на отплата од 12 месеци. Во овие 8 месеци откако ефективно е на власт оваа Влада се вратени 30,5 милијарди денари. Тоа е 79 отсто од сите вратени средства на кредитори во овој период. Следува 5 годишната обврзница каде од средината на август до средината на март се вратени 4,08 милијарди денари. Следи државниот запис со рок на доспевање од 6 месеци каде се исчистени доспеани 1.474,5 милијарди денари почнувајќи од почетокот на ноември лани до средината на февруари годинава. Следен на оваа ранг листа е 12 месечниот запис каде во период од август лани до почетокот на март годинава се вратени 1,33 милијарди денари. На последно место според вратениот износ е обврзницата до рок на отплата од три години каде во јануари се вратени 1,16 милијарди денари.
Што задолжиле?
Најголемо е новото задолжување кај 12 месечните државни записи. Од август до март се позајмени од пазарот на капитал 29,8 милијарди денари односно безмалку половина милијарда евра. Уште 10,37 милијарди денари се ново задолжување на купчето државни обврзници со рок на отплата од 15 години. Тоа е нов долг од 167,8 милиони евра. За сметка на тоа 10 годишната обврзница е ставена во резерва. Тука новото задолжување е само 170 милиони денари. Со умерен и балансиран интензитет Министерството за финансии го зголемувало долгот кај обврзниците со рок на отплата од 2, 3 и 5 години. Кај обврзницата која достасува за 3 години новото задолжување е 2,99 милијарди денари, а задолжувано е во октомври, ноември, декември, јануари и во март. Кај 2 годишната обврзница новото задолжување е 2,714 милијарди денари од септември и октомври лани и во март годинава. Најмало е новото задолжување кај 5 годишната обврзница и тоа изнесува 2,04 милијарди денари, а задолжувано е во август лани и во февруари и во март годинава.
Христијан СтаноевиќМожеби ќе ве интересира
Ова се просечните годишни плати во европските земји: Разликите се огромни, еве зошто
Рекорд на сите времиња: Илон Маск е најбогатиот човек во човечката историја
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Голем скандал во автомобилската индустрија: Возачите плаќале повеќе, производителите на батерии казнети со 72 милиони евра
Димитриеска-Кочоска: Буџетот е во одлична кондиција и обврските нема да останат несервисирани
Европските индекси растат, цените на златото повторно се близу до историски максимуми
Рекорд на пазарот на недвижности: Пентхаус во Дубаи продаден за речиси 130 милиони евра
Дали се руши хрватскиот сон? Половина од платата оди за даноци, становите се прескапи, подобро е дома
„Ти си Балканец, ќе ни работиш за џабе“: Што навистина значи животот и работата во Швајцарска




