„КОЛКУ ШТО СУМ ЈАС БАЛЕРИНА, ТОЛКУ Е ОВАА ЦУЦА СПРЕМНА ДА БИДЕ ДИРЕКТОР НА ИНСПЕКТОРАТ ЗА ЖИВОТНА СРЕДИНА“: Најчевска за изборот на нов кадар за животна средина
Објавено во: Македонија 14 Септември, 2024 08:30
Професорката Мирјана Најчевска со реакција за изборот на Ивана Гиновска за директорка на Државниот инспекторат за животна средина.
„Зошто е ставена Ивана Гиновска за директор на Државниот инспекторат за животна средина?
Може некој да ми објасни?
Затоа што е специјалист за маркетинг? Затоа што работела со стари лица? Затоа што работела во јавно претпријатие паркинг? Или затоа што некој ја бутнал во управен одбор за справување со смет како најнеквалификувана за да биде член на тој управен одбор?
Која квалификација ја прави соодветна за ова место?
Колку што сум јас балерина толку е оваа цуца спремна да биде директор на Инспекторатот за животна средина.
А сите оние кои студирале во областа на животната средина ќе ги испратиме во белиот свет. Таму им е местото.“ напиша таа на фејсбук.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




