КОЛКУ ТРЕБА ДА ПЛАТИТЕ ЗА ЗАМЕНА НА ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА? Еве кои се цените
Објавено во: Македонија 20 Септември, 2024 07:20
До крајот на годината возачите ќе мора да ги заменат старите возачки дозволи кои го носат старото име на државата.
Од први јануари ќе важат само возачките со новото уставно име - Република Северна Македонија, па од Министерството за внатрешни работи апелираа до возачите да закажат и да ги заменат возачките за да не се доведат во ситуација да треба да плаќаат казни.
За да извадите нова возачка дозвола треба да поднесете барање, да ја приложите возачката дозвола и валидна лична карта. Да уплатите 420 денари за образецот или 1230 денари доколку сакате да ја извадите по итна постапка. Плаќањето може да го направите на уплатница во банка или на лице место, на ПОС терминал.
Административната такса чини 170 денари, и таа како и уплатата може да се направи на уплатница или на лице место.
Инаку, возачите кои нема навреме да ги заменат возачките дозволи, а кои по први јануари ќе бидат фатени со стари возачки дозволи кои го носат старото име Република Македонија, ќе се смета дека се фатени со неважечки дозволи, па затоа според Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, ќе добијат прекршочен патен налог и казна во износ од 100 евра.
Можеби ќе ве интересира
ФАКТОР НА ДЕНОТ: Полицијата го уапси Бујар Дардишта, поранешен директор на Управата за водење на матични книги
Тошковски објасни во кои случаи полицијата ќе одзема возило
Toшковски откри кога „Безбеден град“ ќе се спроведе на целата територија на Македонија
Орце Ѓорѓиевски: Со едногласна одлука, реизбран сум за претседател на ЗЕЛС
ИЈЗ: Кога квалитетот на воздухот е лош – заштитете го вашето здравје!
СДСМ ИЗГУБИ НА СУД ОД МИЦКОСКИ: Апелација пресуди дека изнесувале невистини и клевети против него
ПОВЕЌЕТО ОД ОСУДЕНИТЕ ЗА 27 АПРИЛ, ДОБИЛЕ УСЛОВЕН ОТПУСТ: Издржале повеќе од две третини од казните
Европското знаење го применува дома: Милијана Богданоска праќа големи пораки преку еко начинот на живот




