Колку украински региони се во воена состојба?
Објавено во: Свет 27 Ноември, 2018
Во десет региони во Украина од денеска има воена состојба.
Украинскиот парламент вчера одобри воена состојба со почеток од вторник во десет од вкупно 27 региони.
Главната цел на прогласувањето воена состојба во Украина е Киев повторно да воспостави контрола врз Донбас и Крим, изјави украинскиот министер за надворешни работи Павло Климкин на седницата на Врховната Рад
Русија соопшти дека одлуката на Украина за воведување на воена состојба, откако руските сили запленија три украински бродови заедно со нивниот екипаж во Црното море, може да доведе до разгорување на непријателствата во источна Украина.
Претседателот Петро Порошенко вели дека воената состојба ќе помогне да се „зајакнат украинските одбранбени капацитети во услови на се поголема агресија и според меѓународното право ладниот акт на агресија од страна на Руската федерација“. Тој додаде дека Украина има намера „да продолжи да се придржува до сите меѓународни обврски“.
Русија отвори оган на украински воени бродови во Црното море во неделата, обвинувајќи ги дека навлегле во нејзините територијални води.
Украина ги смета за окупирани територии делови од регионите Доњецк и Луганск, како и Крим.