18 Декември, 2025
0.0419

Koлку време се чека во Македонија за вработување?

Објавено во: Економија 10 Декември, 2018 06:53

Добивај вести на Viber

Колку време граѓаните ќе чекаат за вработување зависи од повеќе фактори, од професијата, дали активно или пасивно бараат работа, дали би прифатиле работа надвор од струката, како своите вештини и знаења ќе ги продадат на пазарот на труд. 

Но, генерално во Македонија не е лесно да се најде работа. Има и примери кога луѓето  со години бараат работа по завршување на образованието. 

„Десет години поминаа откако завршив средно образование, но во тој период само една година работев во чевларство. Многу е тешко да се најде работа доколку човек нема пријатели“, вели Елена П. 

Други пак сметаат дека да се најде работа е лесно, но условите се лоши. 

Во мај завршив со образование, а во јуни се вработив. Но, морав да ја оставам работата од приватни причини. Сега сум дома. Не е тешко да се најде работа, но газдите ги малтретираат работниците, им кратат од плата“, додава Јована Ристовска. 

Според податоци на Агенцијата за вработување, најголем дел од евидентираните лица во земјава чекаат работа 11 месеци. 

„Агенцијата за вработување на РМ обезбедува административни податоци за бројот на невработени лица во Република Македонија, односно води евиденција на невработени лица согласно законските прописи. Согласно горенаведеното,  невработеното лице нема законска обврска да се пријави во Агенцијата за вработување како барател на работа.  Со состојба на  31.10.2018 година во Агенцијата за вработување на РМ евидентирани се  91.485 невработени лица (активни баратели на работа) и 90.551 други лица кои бараат работа (пасивни баратели на работа).  Според времето на чекање на вработување од 91.485 невработени лица,  36,2% (33.155)  чекаат на вработување до 11 месеци, 35,4% (32.339)  чекаат од 1 до 3 години и  28,4% (25.991)  чекаат на вработување 4 години и повеќе“, одговараат од АВРМ. 

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека невработеноста се намалува. Стапката на невработеност во Македонија изнесува 20.8%. Тоа е благ пад во третото тромесечје во однос на второто, кога имало невработеност од 21.1%. 

Сања Атанасовска

Можеби ќе ве интересира

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Забави растот на платите во повеќе европски земји

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје

Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје