Колку заработи државата од закупот на плацовите во индустриските зони?
Објавено во: Економија 22 Октомври, 2020
Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони остварила приход од 6,5 милиони денари од издавање на парцелите под закуп на странските и домашните инвеститори кои работат во нив.
Наплатата на симболичната сума е регулирана преку договори со компаниите кои имаат свои фабрики во некоја од 15-те основани индустриски зони. Според тоа, сумата од околу 105 илјади евра за долгогодишното отстапување на пространите парцели може да се каже дека е очекувана, поради повластените цени.
Од останатите други приходи кои ги наплатила државата од странските инвеститори се 122 милиони денари од услуги, 95 милиони денари од снабдување со гас и 1,7 милиони од издавање на закуп на објекти, покажуваат двата полугодишни извештаи на ТИРЗ за 2019.
Дирекцијата во 2019 имала 1,258 милијарди денари од националниот буџет за да ги помага инвеститорите со кои е потпишан договор, но и за своите потреби. Околу 490 биле потрошени за трансфери и градежни објекти како инвестициски вложувања, иако на почетокот Дирекцијата имала 905 милиони денари за овие трошоци, од кои добар дел останал недотрошен.
Од 220 милиони денари за одржување на зоните и за набавка на гас, може да се каже дека биле потрошени сите средства според планот, но од 150-те милиони денари за капитални инвестиции, биле потрошени едвај 10 милиони денари.
Меѓу останатите услуги, Дирекцијата во зоните го гради и одржува одводот, водоводен систем, пристапни патишта, улично осветлување и друго. Покрај ваквите услуги, ова претпријатие лани обезбедило субвенции и разни трансфери за 390 милиони денари до компаниите во зоните.
Освен преку Дирекцијата, Владата ги помага инвеститорите во зоните и директно со свои средства врз основа на потпишаните договори, а најчеса помош се грантови за остварената инвестиција, нови вработувања, плати и придонеси, како и даночните и царинските давачки.
А.К.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.