26 Декември, 2024
0.0334

Колку заработија македонските професионални театри? За последната сезона продадоа 165.000 влезници!!!

Објавено во: Економија 24 Декември, 2024

Добивај вести на Viber

Најмногу театри има Општина Центар – четири. Тие одиграле 207 претстави на кои имале над 54.000 посетители. Од внатрешноста најтеатарски град е Битола со два театри, 120 претстави и 27.000 посетители. Статистиката покажува дека растат бројот на претстави, се зголемува публиката, но во сезоната 2023/24 се намалил бројот на актери и помошен персонал во нашите професионални театри

Македонските професионални театри во сезоната 2023/24 привлекле 165.000 гледачи на 914 претстави што ги одиграле 737 професионални актери, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика достапни на следниот линк https://www.stat.gov.mk/pdf/2024/2.1.24.39_mk.pdf

Бројноста при посетата на театарските претстави во Македонија во последната сезона е зголемена за 5.000 посетители односно за 3 отсто во споредба со сезоната 2022/2023 година.

Бројот на посетители покажува дека во просек секој единаесетти граѓанин бил на професионална театарска претстава во последната сезона. Податоците на ДЗС покажуваат дека во последната сезона просечната посетеност по претстава е  180 лица.

Доколку се знае дека нема пониска цена од 200 денари за билет за претстава на професионален театар и ако се земе како основа дека сите 165.000 гледачи платиле билет тогаш сите 19 професионални македонски театри приходувале 577.000 евра.

Најмногу публика последната сезона имале четирите професионални театри на територија на скопската Општина Центар. Тие одиграле 207 претстави на кои имало 54.233 посетители.

Од градовите во внатрешноста титулата најтеатарски град припаѓа на Битола. Нејзините два професионални театри во последната сезона одиграле 103 претстави посетени од 27.000 љубители на театрот.

Најмногу претстави има професионалниот театар со седиште во скопската Општина Карпош. Тие извеле 15 дела во 120 претстави. Нешто над 17.000 гледачи ги посетиле претставите на Театар Карпош.

Лош знак! Намален бројот на прфесионални актери и на помошен персонал

Македонската театарска статистика покрај неколкуте параметри за одмерен раст покажува и една негативна тенденција. Намален е бројот на професионални актери!

Статистиката покажува дека во сите 19 театри бројот на уметници (претежно актери н.з.) во сезоната 2023/24 е намален за 5 отсто односно 28 професионални помалку. Нивниот број сега изнесува 737 лица. Исто така намален е и бројот на помошниот персонал во нашите професионални театри. Ланската сезона биле ангажирани 548 лица, а оваа сезона нивниот број е 503 односно 8 отсто помалку.

Н.С.

Можеби ќе ве интересира

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ СО ВИСОКА СТАПКА НА ВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат податоците на Евростат?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

ПЛАТИ НА ПОЛИЦАЈЦИ ВО ЕУ: Во кои земји заработуваат над 4.000 евра?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

МЕДИЈАЛНА НЕТО ЗАРАБОТКА: Колку заработуваат половина од српските работници?

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ИМАЛО И ДРУГИ РУТИ: Русија е подготвена да испрати гас во Европа независно од Украина

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

ОВА ЌЕ ГИ ПОГОДИ НАЈСТАРИТЕ: Германија се соочува со недостиг на готовина на банкоматите

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

„Зајакната контрола врз експлоатацијата на минералните суровини – Меморандум меѓу Министерството за енергетика и УЈП

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

Владата ќе наплаќа двојно повеќе од рудниците за концесија

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

„КАЗНИТЕ СЕ ОКОЛУ 20 ИЛЈАДИ ЕВРА“: Ристески најавува примена на законот за нефер практики по Нова година

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата

Стопанската комора и Државната комисија за спречување на корупцијата потпишаа Меморандум за заедничка борба против корупцијата