Колку заработија во ноември? Скопските хотели секојдневно примале 890 странски туристи!
Објавено во: Економија 22 Јануари, 2024
Над 26.700 странци во ноември биле туристи во Скопје! Речиси 80% од сите странски туристи во ноември престојувале во наши хотели со 4 или 5 ѕвездички. Секој трети странец што ја посетил Македонија во ноември дошол од Турција. А бројот на странски туристи овој ноември пораснал за 25%... Евала! Нека каже после некој дека ноември бил – тапа во туристичка смисла
Ноември, на прва, не важи за најатрактивниот месец за странски туристи во Скопје. Дури по кратко размислување и споредба на аргументација про и контра би го вклучиле некаде на дното на листата според атрактивноста. Но сепак фактите на Државниот завод за статистика покажуваат дека не е така.
Македонскиот главен град во ноември 2023 година просечно дневно го посетувале 890 странски туристи односно вкупно во тој месец скопските хотели и мотели примиле 26.716 туристи од регионот и од светот кои оствариле 50.346 ноќевања, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика, објавени деновиве,а достапни на овој линк https://www.stat.gov.mk/pdf/2024/8.1.24.01_mk.pdf
Верувале или не Скопје и неговата туристичка, гастрономска, културно-забавна и бизнис понуда во ноември лани ја конзумирале речиси 60 отсто од сите странци кои во тој месец ја посетиле Македонија.
Во ноември лани бројот на странски туристи во Македонија изнесувал вкупно 45.494 лица. Тоа е за 25 отсто повеќе туристи странци во споредба со ноември 2022 година.
Дури 90 отсто од странските туристи преспале во хотели со 5 и 4 ѕвездички!
Во ноември дури 40 отсто од сите странски туристи ноќевале во македонски хотели кои имаат категоризација на луксузни односно имаат 5 ѕвездички. Во овој месец овие хотели примиле 18.651 гостин. Тие оствариле нешто повеќе од 31.000 ноќевања и тоа е 37 отсто од сите пријавени ноќевања на туристи во ноември.
За нијансна поголем е бројот на гости кои користеле услуги македонските хотели со 4 ѕвездички и нив ги имало вкупно 20.849 странци. Реализирале 40.891 ноќевање.
Вкупниот број на ноќевања во хотели од највисоките две наши категории во ноември е речиси 83.000. Ако се знае дека просечна цена по ноќевање за таа категорија не е под 100 евра девизниот прилив од гостите само по основ на ноќевање може да биде поголем од 5 милиони евра.
Секој трет странски турист во ноември бил од Турција!
Официјалните податоци на ДЗС покажуваат дека Македонија е во фокус на туристите од Турција. Само во ноември од таа голема држава во нашиот регион дошле 13.162 туристи. Тоа е 29 отсто од сите странски туристи кои ја посетиле Македонија во претпоследниот месец во 2023 година. Тие реализирале 19.492 ноќевања што укажува на тоа дека најчесто односно најголем број од нив доаѓале на престој со едно ноќевање. Втори најбројни гости биле тие од соседна Србија кои во просек се задржувале со две ноќевања. Од северната соседна земја во ноември лани дошле 3.673 гости. За нијанса помал е бројот на грчки гости. Во ноември 3.612 Грци ја посетиле Македонија и тука реализирале 5.513 ноќевања.
Р.Ф.* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.