05 Декември, 2025
0.0777

Колку заработуваат возачите на камиони? Ова се нивните плати по земји

Објавено во: Економија 17 Септември, 2025 17:15

Добивај вести на Viber

Британските возачи на камиони заработуваат до трипати повеќе од нивните колеги во Унгарија, па дури и ги престигнале германските возачи - иако често се жалат на платите и условите за работа, покажуваат новите податоци.

Како што пишува trans.info, недостигот на работна сила по Брегзит и големите економски разлики низ Европа создадоа континент каде што географијата ја одредува платата повеќе од возачките вештини. Со бруто плата од 3.350 фунти месечно (3.930 евра), британските возачи се на врвот на европската табела, додека Унгарија е на дното со само 1.039 евра.

Разликите во заработката се изразени низ цела Европа. Франција (1.850 евра) и Романија (1.794 евра) се само малку подобри од Унгарија, додека просекот во Шпанија е 2.450 евра, а во Полска 2.814 евра. Само Германија е блиску до британските нивоа со 3.357 евра.

Како што објавува овој портал, вистинската приказна може да се види само кога платите се споредуваат со националниот просек. Меѓународните возачи од Полска заработуваат 2,7 пати повеќе од минималната плата - највисока во Европа - додека возачите на камиони од Велика Британија заработуваат 70 oтсто повеќе од минималната плата и 9 отсто над националниот просек. Германските возачи заработуваат 64 отсто над минималната, но сепак 13 отсто под националниот просек, објавува „Плуто логистика“.

Од друга страна, француските возачи едвај ја надминуваат минималната плата (91 отсто од законскиот минимум), додека унгарските возачи на камиони заработуваат дури и под неа - 79 отсто - што покренува сериозни прашања за одржливоста на професијата во Источна Европа.

foto EPA/Zoltan Balogh HUNGARY OUT

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

Koja eвропска земја има најмногу милијардери?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Среброто привлекува сè поголемо внимание од купувачите, eве зошто...

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Димитриеска-Кочоска: Немам информација дека доцни породилното

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

Угостител од Чаир стана директор на „Номагас“

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ПРЕДНОВОГОДИШНО РИПНАЛЕ ЦЕНИТЕ НА УГОСТИТЕЛСКИТЕ УСЛУГИ: Еве што покажува статистиката

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

ОД 11 ДЕКЕМВРИ НЕМА ПОВЕЌЕ ВОЗ НА ДЕЛНИЦАТА СКОПЈЕ-ЗЕЛЕНИКОВО: Почнува реконструкцијата на пругата

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

РКЕ го намали надоместокот за мрежарина за електрична енергија

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје