Колку заработувале македонските работници во ноември лани?

Објавено во: Економија 21 Јануари, 2022 15:53
Македонските работници во ноември лани во просек заработувале по 29.130 денари, објави Државниот завод за статистика(ДЗС). Ова е сумата за нето плата.
Просечната месечна исплатена бруто-плата била 43.509 денари. Индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2021 година, во однос на ноември 2020 година е 105.6. Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: стручни, научни и технички дејности (14,4%), објекти за сместување и сервисни дејности со храна (11,5%) и информации и комуникации (11,3%).
Премиерот Димитар Ковачевски вели дека платите растат.
„Како што најавив, следната недела започнува социјалниот дијалог за зголемување и на минималната плата во државата, заедно со синдикатите и компаниите. Дополнително, следува зголемување и на пензиите“, вели тој.
Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, има во секторите: дејности во врска со недвижен имот (3,9%), снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација (3,5%) и трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (2,9%).
Можеби ќе ве интересира
ЌЕ ИМА ПОСКАПУВАЊЕ: Љубителите на кафето ќе треба да платат повеќе за овој напиток

ПРОТЕСТ НА 2 АПРИЛ: Македонија со најниска минимална плата во регионот
ЕК ЌЕ ИНВЕСТИРА ВО ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА: Што ќе добие Македонија од тоа?

ОД ПРВИ АПРИЛ: Возачите на овие возила во Германија ќе имаат бесплатен паркинг

Ќе се сложат ли малите акционери? „Тиквеш“ ќе гарантира за 12,5 милиони кредит на фирма што ја водат Свето Пивара и синот Јане

ПОТРЕБА ИЛИ РАСИПНИШТВО? Дирекцијата за индустриските зони ќе потроши „цело богатство“ за нови вработувања и хонорарци

ВИКЕНДОТ ТРАЕ ТРИ ДЕНА: Овде работниците работат најмалку, а заработуваат најмногу во Европа

ЕВЕ КОИ КЛУБОВИ ДОБИЈА КЛУЧ НА ВРАТА: Затворени се едни од најпопуларните

БИТКОИНОТ ИСЧЕЗНУВА ОД КРИПТО БЕРЗИТЕ – ЌЕ УРИВА ЛИ НОВ РЕКОРД? Пазарот на криптовалутата доживува трансформација
