03 Јули, 2024
0.0253

Колку земјотресот ќе ја чини економијата на Непал

Објавено во: Економија 28 Април, 2015

Добивај вести на Viber

Економската цена на катастрофалниот земјотрес во Непал, во кој загинаа над 3 000 лица досега, а илјадници беа повредени, може да надмине 5 милијарди долари, што е еквивалентно на 20% од бруто домашниот производ (БДП) на земјата, посочува во извештај IHS. "Со оглед на брзо растечкиот број на загинатите и очекувањата за настраданите од земјотресот во Непал економското влијание врз земјата е сериозно", рече Раџив Бисвас, главен економист за Азиско-пацифичкиот регион во IHS. "Вкупните долгорочни трошоци за реконструкции во Непал со користење на соодветни градежни стандарди за ранлив на тешки земјотреси регион може да надмине 5 милијарди долари", додава тој. Силен земјотрес со интензитет од 7,8 степени според Рихтеровата скала го погоди главниот град Катманду и градот Покхара околу пладне во саботата, предизвикувајки уривање на илјадници згради и уништувајќи вековни споменици на културата, транспортната и комуникациска инфраструктура. "Стандардот на домување во Непал е исклучително низок, што е и причината штетите врз зградите да бидат исклучително тешки", посочи Бисвас. "Бидејќи е сиромашна земја, капацитетот на Непал за финансирање при катастрофи и напорите за долгорочно закрепнување се крајно ограничени". БДП по глава на жител на Непал изнесуваше 694 долари во 2013 година според податоците на Светската банка во споредба со 1 497 долари во соседна Индија и 6 807 долари во Кина. "Координираната меѓународна помош при катастрофи и долгорочната програма за реконструкција ќе треба да се финансираат од билатерална помош од донатори и широкопрофилни институции, како и од Обединетите нации", истакна тој. Владите и агенциите за помош бараат варијанти за поддршка на Непал, а Индија, Кина, Пакистан и САД ги предводат меѓународните напори. Сепак спасувачките операции беа спречени од серија од потреси и неповолни климатски услови. Огромните штети на патната мрежа и отсечен пристап до руралните средини се претворија во тежок предизвик за хуманитарните работници. "Нашиот персонал вози колку што е можно, и го поминува остатокот од патот пеш. Потребно е до 6, 7, 8 часа за некои од нашите тимови да стигнат до областите кон кои се насочени", истакна Марк Смит, виш директор за итни прашања на меѓународната организација Светска визија. "Добиваме првичните информации, но ќе потрае 2-3 дена пред да успееме да ги мобилизираме овие рурални средини поради ситуацијата со пристапот". Помош за непал најави и град Скопје. Засега нема таква најава од македонската влада. К.К.

Можеби ќе ве интересира

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

СРПСКИ МЕДИУМ ПОСЕТИ МАРКЕТ ВО СКОПЈЕ: Вакви цени во Белград се незамисливи

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

ТОП 10 НАЈПЛАТЕНИ ИЗВРШНИ ДИРЕКТОРИ ВО АМЕРИКА: Тој е прв на листата и заработува 510 пати повеќе од вработените

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Кои се господари на октаните во Македонија? Нивните приходи се поголеми од 2 милијарди евра!!!

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

Средба Божиновска – Лорковски: Зајакнување на секторот енергетика во Македонија

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

„Ќе биде најлошото во историјата“: ја предвиде светската криза во 2008 година, сега најавува нова

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

Бислимовски: Повеќе од половина струја домаќинствата ја трошат додека е евтината тарифа

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

ЕВН Хоме постави Македонец за директор и тоа „отпишаниот“ Митровски

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

НИКАКО ДА ЗАКРЕПНАТ ОД КОРОНАТА, ДОБРО Е ШТО УШТЕ ИМА „АЗНО“ ЗА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБИТЕ - еве што одлучи некогаш познатата скопска хотелиерска компанија

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца

Димитриеска Кочоска: Оделе во Брисел по 30 души, сега ќе одат по двајца